Лила трипати правела натална карта, Елена Најдоски е „типична Риба“: Колку нашите славни личности веруваат во астрологија?

Од Лила Филиповска и Васил Зафирчев до Ивана Кнез и Васил Гарванлиев – македонските јавни личности за CRNOBELO.com откриваат дали веруваат во хороскоп, кои карактеристики ги поседуваат од својот знак и подзнак и дали читаат дневен хороскоп, макар и за забава.

makedonskite-javni-lichnosti-i-horoskopot-kolku-veruvaat-poznatite-vo-predviduvanjata-na-dzvezdite-01_copy.jpgВерувате ли во хороскоп и она што ви го предвидуваат ѕвездите? За некои хороскопот е само забава, а други не излегуваат од дома пред наутро да прочитаат што може да очекуваат во текот на денот.

Но, што е со македонските јавни личности? Колку се тие зависни од хороскоп, натални карти и судбински предвидувања? И колку сметаат дека карактерот им е одреден од хороскопскиот знак во кој се родени?

Нашите познати личности проговорија на оваа тема за CRNOBELO.com:

Лила Филиповска: „Различни астролози ми правеа натални карти и сите се поклопија“

Родена сум на 15 октомври и јас сум дупла Вага. Во Месечина сум Лав, па астрологот што ми го кажа тоа кога и да ме сретнеше ми викаше: „Каде е мојата лавица?“.

Има една голема вистина, а тоа е дека со еден карактер се раѓаш, а другиот го градиш во текот на животот, и јас навистина поседувам особини и од Вага и од Лав.

Па, како помала бев баш некоја којашто сакаше за мир во куќа да прифати сè, да помогне, но откако влегов во овие води во коишто сум и денес, во мала бара полна со крокодили, сфатив дека човек мора да се бори и некои особини и навики што ги има да ги смени, па многу сум задоволна со оние работи што ги променив кај мене и што ме донесоа до овде каде што сум.

Од Вагата го имам оној вечен став на праведност, секогаш сум на страната на правдината, па макар и по моја штета, но сакам да ми е чиста совеста дека тоа што сум го направила е исправно, го поддржувам оној за кој сметам дека е во право и не го правам тоа слепо затоа што некој е мој пријател.

Ако ми е пријател, никогаш не би му кажала пред други нешто, но на само ќе му кажам што мислам. Пријатели затоа немам многу, но се вистински.

Од Лавот ја имам борбеноста, самобендисаноста, сигурноста, лидерскиот став, па неслучајно овие два знака ме донеле таму каде што сум.

Многу верувам во астрологија и планети, бидејќи нашата судбина е предодредена кога ќе се родиме. Тоа е научно докажано, а кај мене се докажа и со правење на некои 2-3 натални карти во текот на овие години, од различни астролози, а многу работи се поклопувале и вистински се случувале. Многу работи ми предвиделе, не на кристална кугла, туку со гледање во планетите.

Многу ја почитувам астрологијата и можеби некогаш би се занимавала со тоа.

Што се однесува до дневниот хороскоп, ако ми падне во раце, да ќе го прочитам, а го прифаќам само ако мене ми одговара, а ако не ми одговара, викам – ова врска нема.

Она што е на дневна основа треба да се земе како забава, но астролошките карти треба да се земат сериозно, бидејќи се покажале како точни.

makedonskite-javni-lichnosti-i-horoskopot-kolku-veruvaat-poznatite-vo-predviduvanjata-na-dzvezdite-04.jpg

Ивана Кнез: „Се трудам да ги побијам сите негативни страни на мојот хороскопски знак“

Јас сум „Овца“ прв степен, родена на 02.04, со проверен подзнак Стрелец и месечина во Лав – оди па кажи ми „Не може“.

Како стареам, така читам многу психологија, посетувам психолог и се трудам да ги побијам сите негативни карактерни мани што ги наметнуваат ѕвездите. Па така, сè помалку одам со главата во ѕид, развивам трпение и разбирање кон неукост и необразование и се трудам да одам чекор по чекор, што е спротивно од сè што е мое хороскопски.

Но, затоа ја чувам ведрината, позитивната страна на гледање на животот и насмевката. Упорноста не ја давам.

Не читам хороскоп на дневно ниво, ниту пак на годишно, сè овоземски поминав од натални до тароти, од Нострадамусов хороскоп до научни гледишта за влијанието на ѕвездите. Морав, уметник сум, сè ме интересира.

makedonskite-javni-lichnosti-i-horoskopot-kolku-veruvaat-poznatite-vo-predviduvanjata-na-dzvezdite-06.jpg

Марко Марк: „Од Скорпијата ги наследив разбирањето за другите и прифаќањето на различностите“

Роден сум на вториот ден од зодијачкиот знак Скорпија, на 24.10, во подзнак Вага и Месечина во Рак.

Најдобриот пријател на мојата сестра, кој по вокација е и астролог, пред неколку години накратко ја прочита мојата натална карта – интересно искуство, иако не помнам премногу од толкувањето.

Што се однесува до карактеристиките на знаците, од Скорпијата го имам алтруизмот, огромно разбирање за другите и прифаќање на различностите, трагам по длабоката вистина.

Од подзнакот Вага го имам земено балансот, и нивната силна конекција со домот и семејството и желбата за хармонија и да живеат максимално смирен живот.

А што се однесува до интересот за астрологијата, денес посакувам ново и многу подетално толкување на наталната карта, признавам.

makedonskite-javni-lichnosti-i-horoskopot-kolku-veruvaat-poznatite-vo-predviduvanjata-na-dzvezdite-02.jpg

Виктор Апостоловски: „Некои луѓе дозволуваат хороскопот да им го диктира секојдневието“

Во хороскоп сум чистокрвна Водолија – и во знак и во подзнак.

Да бидам искрен, на некои места ми е различно запишан часот на раѓање, па според едни во подзнак сум Водолија, според други сум Јарец. Но, според карактерот, повеќе влечам накај Водолија.

Ако случајно ми се појави некаде хороскоп и немам попаметна работа, знам да прочитам, чисто за да си се насмеам малку, не за друго, затоа што скоро никогаш не ми го погодиле денот.

Никогаш не сум се заморувал со такви работи.

Веројатно има нешто и во ѕвездите, ама мене ми е побитно што има тука на земјата, во нашето секојдневие.

Има луѓе што дозволуваат тоа да им го диктира секојдневието, а јас гледам сам како да си го диктирам секојдневието.

А што е од горе, секако ќе си врви.

makedonskite-javni-lichnosti-i-horoskopot-kolku-veruvaat-poznatite-vo-predviduvanjata-na-dzvezdite-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg