Македонка и Босанец се запознале во Германија, се свршија на Кипар, а направија бајковита свадба на Сејшели (фото)

„Двајцата сме личности кои не сакаат големи свадби и отсекогаш ни било сон да се венчаме на плажа. Со месеци пишувавме со агенции од Маурициус, Занзибар и Сејшели и на крај изборот падна на Сејшели затоа што островот има некоја посебна романтична приказна. Нè пречека приватен возач...“, раскажува Драгана Игнатова (27) од Кратово за CRNOBELO.com.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-01.jpg

Драгана Игнатова (27) од Кратово, која веќе 4 години работи во Германија како медицинска сестра, стапи во брак со Јасмин Бечич (30) од Босна, кој веќе подолг период живее во Германија, а 12 години работи како менаџер на ресторан.

Парот неодамна направи свадба на Сејшели, а Драгана споделува детали за организацијата за CRNOBELO.com.

Љубовната бајка на Драгана и Јасмин:

„Се запознавме тука во Германија кога дојдов да работам и си пронајдовме заеднички интереси и, секако најважно, се роди љубов.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-04.jpg

Не ни беше потребно многу време да сфатиме дека сакаме заедно да го поминеме животот.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-08.jpg

Претходното лето се свршивме на Кипар и почнавме да ја планираме нашата бајка од соништата.

makedonka-i-bosanec-se-zapoznale-vo-germanija-se-svrshija-na-kipar-a-napravija-bajkovita-svadba-na-sejsheli-foto-21.jpg

Двајцата сме личности кои не сакаат големи свадби и отсекогаш ни било сон да се венчаме на плажа.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-09.jpeg

Со месеци пишувавме со агенции од Маурициус, Занзибар и Сејшели и на крај изборот падна на Сејшели, затоа што островот има некоја посебна романтична приказна, прекрасна тиркизна вода, бел песок, палми, кокоси насекаде и прекрасни бои на небото кога ќе падне ноќ... 

Мислам дека нема поубаво место на светот каде би можеле да кажеме ДА.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-10.jpeg

Стапив во контакт со една агенција од таму „Wedding in Seychelles“ и ми пратија понуда со сите детали.

bajkovita-svadba-na-makedonka-na-sejsheli-ni-beshe-son-da-se-venchame-na-plazha-ne-precheka-privaten-vozach-13.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Македонка се капе во ледена вода на -34C° во Лапонија - Бетика постигна нов личен рекорд „Еве вака го постигнав мојот нов рекорд, мирно смирено и среќно. Бетика беше трг...
Бајковита сцена: Попова Шапка „се разбуди“ обвиена во снежна прекривка (фото) Гранките на зимзелените дрвја натежнати од снег, црквичката која гордо стои, кро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg