Атина Бојаџи, една од најпопуларните пливачки во времето на Југославија, и тринаесет години по својата смрт, го носи прекарот охридски делфин. За дамата која на 11-годишна возраст ги собори сите југословенски рекорди во пливање, a потоа стана и прва жена од Балканот што го преплива Ла Манш, го гордост се зборува и денес.
Салата беше преполна, некои внимателно слушаа, други се смееја на одличните шеги, трети си правеа селфи... Атмосферата во публиката на Златна Бубамара 2023.
Од елеганцијата на Блага Петреска и Ирена Спировска до сексапилот на Кристина Димитри, што видовме на моден план на Златна бубамара 2023?
Од дечиња кои пресреќни се фотографираа со нашата фудбалска легенда Горан Пандев до разиграните Наум Петрески и Зуица Лазова, како и Игор Џамбазов во друштво на Кристина Димитри, атмосферата меѓу познатите личности на Златна Бубамара 2023...
Се смеев до солзи кога водителите Тино и Атанас кажаа дека Ламбе направил камбек на сцената и буквално ја запалил и кога изјавија дека во поплавениот МНТ нема ајкула, туку тоа е Сашко Коцев кој плива грбно, се ежев додека пееја ДНК, Меморија и Некст Тајм, а салата буквално грмеше, но најтрогната бев од дуетот на Ефто Пупиноски и Блага Петреска – да, такви уметници имаме, кои траат и се гордост македонска, симбол за убавата македонска песна... И, искрено, бев носталгична по Сашко Коцев, но, очекувањата од домаќините повторно ми беа исполнети. Браво Бубамара!
Наше, а светско – би се рекло кога некој Македонец прави успеси, но и кога својата работа ја прикажува на трендовски начин. Низ социјалните мрежи може да се пофалиме и со македонски профили кои шират едукација на сосема нов начин по текот на светските трендови.
Со гламурозна модна ревија вчеравечер се одбележаа 20 години од првата Модна недела во Скопје. Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчевска, Армандо Чаволи, Коки Лондза, Оливер Димитровски, блесна на модната писта и потсетија на едни од најубавите денови на македонската мода.
По 3 години љубовна врска, Ирена и „најпосакуваниот ерген во Австралија“ направија свадбена церемонија на 10-ти март во Мелбурн. Ирена Србиновска (33) со потекло од Битола периодов го живее својот сон...
Тој е актер, режисер, професор, политичар, демократ, револуционер на своето време, но пред сè е човек со сите доблести и слабости, со сите негови успеси...
„И со мене и Мика мама се породи во болницата во Чаир, спонтано и без анестезија и на двата пораѓаја (опасна женска е мама). И со мене и со братчето се породи во 36-та недела..“, беше споделено на Инстаграм профилот на 3-годишната модна икона Фрида.
„Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат сè со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото затоа што во вакви моменти поддршката е најважна...“, најави Лила Филиповска по извојувањето на битката со ракот. Таа се заблагодари на сета љубов и поддршка.
Трчањето со совладување пешадиски препреки, како и многу други физички активности, најпрво се користело во рамки на Војските. Целта на овие физички...
„Работата како инфлуенсер не е толку лесна како што навидум изгледа. Во оваа работа има моменти кога многу уживам, но има моменти кога ми доаѓа сè наеднаш и те фаќа момент да си кажеш е вистина не можам, веќе се преморив...“, вели Агнеса Органџиева за CRNOBELO.com, која на Инстаграм има повеќе од 97.000 следбеници.
Музичарот Роберт Спасенцовски, свршеникот на Антониа Гиговска подготвува нов музички проект, облечен како ликот на „Џокер“, Лила Филиповска блеска со кратка коса, а водителката Елена Стојановска ја доловува рајската убавина на Португалија.
По храброто појавување на отворањето на Саемот за венчавки, Лила повторно издоминира во целосен црн аутфит, со темни очила за сонце, црвен кармин и со природната руса коса.
Нашата планинарка Ирина Дишо, која неодамна направи свадба со Павле Камилоски, објави фотки и видеа од планинскиот врв Бајрак на Караџица – го покажа трудничкото стомаче и планинскиот пикник.
Лила продефилира на Саемот за венчавки во црна тоалета со висок шлиц и за првпат со својата природна, кратка коса, откако откри дека се изборила со ракот – уште еднаш покажа како изгледа жена лавица.
„Наш водечки производ е македонскиот хамбургер, го служиме со компирите внатре прелиени во кечап и мајонез, точно како што јадевме во детството во Македонија. Секојдневно сè повеќе расте бројот на гости Американци, Азијати и од речиси сите страни на светот. Многумина ги привлекува натписот Macedonian Street Food, за да пробаат каква храна е тоа, па потоа пребаруваат на Google каде точно, Македонија е позиционирана на картата на светот“ – вели за CRNOBELO. Com Маја Јаковиќ Стојмирова, сопственичка на сендвичарата Babba Grill во САД, која им овозможува на луѓето да уживаат во традиционалните македонски специјалитети.