Макпрогрес беше дел од FMCG самитот во Скопје - најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка. Компанијата имаше свои учесници на самиот настан, презентациско претставување на своите шест бренда како и производи кои за присутните беа одлична закуска за време на паузите...
Често се вели, доколку во еден ресторан или пекара има метеж, има причина зашто тоа е така. Производите кои се нудат се тазе испечени, квалитетни и вкусни. Тоа значи дека фурната е нон- стоп вклучена, и постојано излегуваат нови печива, кроасани или лебови. А кога на исто место луѓето повторно се враќаат, тоа пак е потврда за константен квалитет, доверба и вистинска повратна вредност која се добива за дадените пари...
Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија...
Во театрите низ светот постои верување дека драмскиот текст „Макбет“ на Вилијам Шекспир е „проколнат“ и дека и носи несреќа на онаа екипа кој ќе се одлучи да го работи. Постои легенда која вели дека...
„Кликни си, купи си“ – Производите на Лакалут, Алгасан и Доктор Тајс отсега достапни за онлајн купување...
Нови рекорди во производството на сурово млеко поставени на традиционалниот „Ден на фармери рекордери на Бимилк“
(Скопје, 16.05.2019) – Омилените лебови на парчиња од Жито Лукс штотуку станаа побогати со новите XL-пакувања, со поголема димензија на парчињата, совршени за подготовка на уште поголеми вкусни и свежи сендвичи. Новите производи го имаат истиот состав, добро познат вкус и квалитет по кои е препознатлива компанијата, а се достапни во пакување со поголема тежина, од 500 грама...
Како дел од својата програма за општествена одговорност и придонес во едукацијата во регионите каде што делува, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд ќе одржи отворен ден со бесплатни семинари од три различни области. Отворениот ден ќе се одржи на 30 мај, четврток, во хотелот Скопје Мериот, а сите заинтересирани учесници ќе можат да се пријават за бесплатните семинари преку онлајн апликација...
Голем дел од работите можат повторно да се користат, но некои работи е многу важно да се донираат или продaваат, посебно кога нивното фрлање предизвикува негативни последици за животната средина. Продавањето на предметите кои веќе не Ви се потребни, ќе биде добро за природата, но се разбира и за Вашиот паричник...
Купувањето стан е животна инвестиција. Токму затоа изборот е проследен со многу дилеми. Од една страна се можностите, а од друга потребите и желбите...
Кога имате момент за себе, без разлика колку е тој брз или краток, денот тече поинаку. Еден од тие бесценети моменти е пиењето на првото кафе во денот во мир и тишина. По првата голтка свежо мелено кафе ништо повеќе не изгледа толку страшно или стресно. Навистина има нешто во врска со таа прва голтка силно, вкусно свежо мелено кафе што ги буди вашите рецептори за вкус во устата и полека чувството на задоволство се шири низ целото тело, се активира мозокот и веќе сте подготвени за дневните предизвици. Се чини дека кафето толку добро влијае на нашата благосостојба, што го амортизира дневниот притисок и ни изнудува насмевки!
Слично како во христијанската религија постите се карактеристични и кај муслиманите и тоа токму во овој период од годината кога се слави нивниот најголем верски празник Рамазан...
на Алпско млекоЧетвртите Алпски игри се одиграа во општина Кисела Вода во Скопје, во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Таму најмалите ракометари се натпреваруваа во разни дисциплини и за сите следуваа награди од омиленото Алпско млеко. Тимот на Алпско млеко ја препознава потребата за отворено поттикнување на соработка меѓу децата, стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Така тие со гордост, веќе по четврти пат се главни спонзори на овој квалитетен проект кој се залага за подобра иднина на дечињата...
Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ги додели првите кредити за старт-ап компаниите што учествуваа во првиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање на старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата „Чекор по чекор“ е прва програма што на старт-ап бизнисите им овозможи пристап до финансиски средства во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра, во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ.
Триглав Осигурување Скопjе во првиот квартал работeше добро во својата основна дејност...
За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив. А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем. Македонската компанија за здрава храна Виталиа уште одамна го прифати тој предизвик, и храбро чекори кон освојувањето на нови конкурентни пазари...
Скопје, 15 мај 2019г. – Денес, Меѓународната корпорација Фондацијата Saint-Gobain Initiatives со седиште во Франција и Хабитат Македонија, дел од мрежата на Habitat for Humanity International, потпишаа договор за соработка кој вклучува финансиска поддршка за проектот „Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака - Неготино”...
Македонски Телеком воведе нова Magenta 1, флексибилна понуда со најдобриот избор на услуги за сите. Во понудата се вклучени повеќе комбинации кои корисниците можат сами да ги изберат преку интерактивната веб страница достапна за сите видови екрани, а со секоја комбинација следуваат дополнителни можности и поволности...