Рамазанските пости се во тек - еве што да јадете за време на овој голем муслимански празник

Слично како во христијанската религија постите се карактеристични и кај муслиманите и тоа токму во овој период од годината кога се слави нивниот најголем верски празник Рамазан.

ramazanskite-posti-se-vo-tek-eve-shto-da-jadete-za-vreme-na-ovoj-golem-muslimanski-praznik-1.jpg

Рамазан, или на арапски: رمضان,  е деветтиот месец во исламскиот календар. Во текот на целиот месец, верниците постат од изгрејсонце до зајдисонце. За време на постот, не се консумира храна или било какви пијалоци, а мислите мора да се чуваат чисти. Следбениците на исламот веруваат дека постот учи на трпеливост, скромност и духовност. Оброците се служат пред изгрејсонце, наречен сухор, и по зајдисонце, наречен ифтар, и вообичаено оброците се јадат со семејството или со локалната заедница. Иако на прва оваа рутина во постењето делува малце тешко сепак  се работи за добра организација на оброците и внимателен избор на квалитетна, пред сè, едноставна и природна храна.

За време на Рамазан сухорот, кој се служи пред зори, треба да биде здрав оброк за да се обезбеди потребната енергија во текот на целодневниот пост. Кога сонцето ќе  зајде, започнува молитвата и денскиот пост е прекинат со ифтар. Многу муслимани од прегладнетост можат веднаш да седнат на софрата и да јадат тешка храна која нема да им направи услуга. Препорачиво е во првите часови да се примени полесна храна за да се адаптира желудникот за покомплексен оброк. Верниците можат да продолжат да јадат и да пијат во текот на ноќта па се до следниот ден.

Денес е барем лесно да се дојде до намирници кои се квалитетни, лесни за подготовка и вкусни. Македонскиот производител на кондиторски производи Макпрогрес со својата богата програма на различни видови на производи може да ги олесни овие денови на пост со големиот избор на полуготови смеси за подготовка на десерти и солени деликатеси, потоа традиционални деликатеси како алва и локум или пак големиот избор на тортички, ролати и мафини кои покрај богатиот и незаборавен вкус тие се и доволно хранливи за да му ја дадат на организмот потребната енергија во текот на целиот ден.

Оставаме на вас да го одберете вкусот кој најмногу ви одговара!

ramazanskite-posti-se-vo-tek-eve-shto-da-jadete-za-vreme-na-ovoj-golem-muslimanski-praznik-2.jpg

ramazanskite-posti-se-vo-tek-eve-shto-da-jadete-za-vreme-na-ovoj-golem-muslimanski-praznik-3.jpg

ramazanskite-posti-se-vo-tek-eve-shto-da-jadete-za-vreme-na-ovoj-golem-muslimanski-praznik-4.jpg

ramazanskite-posti-se-vo-tek-eve-shto-da-jadete-za-vreme-na-ovoj-golem-muslimanski-praznik-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава