Насекаде низ светот веќе почна манијата по последната, долгоочекувана сезона на мегапопуларната серија „Игра на Троновите“. Вистинскиот фан ќе ве подучи дека, секоја епизода треба да биде изгледана во совршени услови, а еден од тие услови се секако неицрпен извор на грицки...
Во Струга започна реализацијата на трансконтинеталниот проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програма...
HAPPY WEEK акција во „Нептун" со големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Од 15-22 април, потрошувачите ќе можат да го купат било кој производ од асортиманот на Нептун по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба...
Викендов сите беа изненадени од новата доза на снег кој падна на Попова Шапка...
КБ прво пензиско друштво како партнер и помагател активно се вклучи во годинешниов настан „Pay It Forward“ (Продолжи понатаму) кој во организација на женското здружение Inner Wheel Club Skopje Europea и во соработка со Здружението Аутизам МК, се одржа денес во Градскиот парк во Скопје.
На оваа улица владее розовата боја, а магијата на прекрасните цветови и позитивната енергија ја прават совршено скопско катче за сликање.
(Скопје, 12.04.2019) – Slice Life, американскиот стартап ја отвори третата канцеларија во Македонија. Отворањето на петтата канцеларија, покрај Њујорк, Дебар, Охрид и Белфаст, за компанијата претставува проширување што ќе овозможи натамошен раст затоа што во Македонија е оперативната база од каде се одвиваат останатите активности во САД и Ирска. Со последното проширување бројот на вработени во Слајс во државата се приближи до 400, а проекциите на компанијата се 600 до крајот на 2019 и 1000 до 2020 година...
Во сабота, на 13 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА, со почеток од 11 часот, па се до 16 часот, традиционално ќе се одржи по седми пат конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера...
Американската стопанска комора во Македонија - АмЧам, бизнис заедница на 130 од најголемите компании во земјава, организираше настан за собирање финансиски средства насловен како Социјална берза, каде што беа презентирани три социјално корисни проекти кои компаниите - членки на комората имаа можност да ги поддржат. Проектите таргетираа неколку целни групи: лица со попреченост кои ќе добијат обука и можност да работат во угостителскиот сектор; социјално загрозени лица од Преспа кои ќе научат како да одгледуваат органски производи и да се вклучат во социјално претприемништво, како и деца и млади кои ќе имаат можност да ја запознаат и засакаат природата преку извиднички активности...
Почнувајќи од 08.04.2019 година, НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити се намалени во просек до 1,5 процентни поени...
(Скопје, 10.04.2019) - Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series. Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски...
Растот на БДП во Северна Македонија се очекува да биде над 4 проценти во првиот квартал од 2019 година, што ќе ги надмине претходните предвидувања од 3,2 отсто за целата година. Овој неочекуван раст е резултат на развојот на производствената индустрија, зголемените инвестиции во патната инфраструктура и зголемениот увоз и извоз во индустриските зони во Северна Македонија. Во комбинација со најниските каматни стапки во последните 20 години, сè повеќе компании и поединци имаат можност да дојдат до слободни финансиски средства, и да започнат нов инвестиционен циклус...
Производите за здрава храна на “Виталиа” сериозно го освојуваат азискиот континент. Овој пат тоа е најголемата земја на Арапскиот Полуостров – Саудиска Арабија, а соработката и пласманот на овој македонски бренд започнаа во 2017 година...
Начинот на кој повеќето од нас го поминуваат својот работен ден не ни остава многу простор да се грижиме соодветно за дневното мени. Навиките кај луѓето од пред 20 години до денес се навистина во голем размер сменети, време и грижа за себе се помалце, што ни дава дополнителен предизвик да се прилагодиме кон градската џунгла. Сведоци сме на многу трендови во исхраната кои некогаш оправдано, но честопати и неоправдано луѓето ги прифаќаат во својата секојдневна рутина само затоа што се популарни без притоа да имаат дополнителни информации за новиот режим на исхрана. Слушаме за безглутенски продукти, што помал внес на јаглехидрати, избегнување на шеќер и млечни производи....но, што всушност тоа значи и дали доволно добро ги познаваме и препознаваме потребите кои нашиот организмот ни ги сигнализира?!
Без разлика дали го консумирате со вашите омилени домашни колачиња, можеби со какао или со житарки, или пак и вие и вашите деца го сакате чисто, млекото игра голема улога во секојдневната исхрана. Но, дали знаете какви сѐ типови млеко се достапни на пазарот и дали свесно ја одбирате масленоста на млекото?
(Прилеп, 08.04.2019) - Витаминка од Владата на Република Северна Македонија доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство...
Виничката компанија за производство на кондиторски производи „Макпрогрес“, која веќе 29 години работи и постигнува интернационални успеси, се здоби со признанието „Најдоброто од источниот регион“, за најдобра компанија во областа на општествената одговорност. Свеченото доделување на наградите се оддржа синоќа на Меѓунардониот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе. Оваа манифестација се оддржува веќе петта година по ред a наградите ги доделуваат новинарите од регионалниот центар „Исток“...
Од оваа година, најуспешните македонски менаџери и претприемачи помлади од 40 години ќе се приклучат на светската бизнис елита за време на свечениот настан кој го организира Business Elite Awards во октомври во Амстердам. Имено, “Business Elite’s 40 Under 40” е престижна програма за наградување на извонредни млади менаџери и претприемачи од светот на бизнисот. Тоа се визионерите и иноваторите кои ги инспирираат другите и имаат огромен придонес за развојот на своите заедници и нивните земји. И секој од нив е на возраст под четириесет години.