Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето во 2018 година. Приходите од продажба на крајот од 2018 година бележат зголемување за 2 отсто, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет и во IPTV сегментот. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од 2018 година е зголемена за 3,3 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката за 2018 година бележи раст од 2,5 отсто....
Потенцирајќи ја повторно својата општествено одговорна мисија и стратегија да биде долгорочен партнер на заедницата и на оние на кои најмногу им е потребна помош, Битолска млекара денес оствари голема донација за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“...
Со првите постудени денови во годината, почнува и сезоната на настинки. Еден од симптомите кои ни даваат до знаење дека имунитетот ни е ослабнат и сме подложни на понатамошни компликации е болката во грлото и отежнатото голтање. Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и децата се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците во овој случај не се ефикасни и се препорачува соодветна терапија која брзо ослободува од болки во грлото...
МТФ ја доби наградата за „Најистакната национална федерација за 2018 година“ од ЕТУ...
Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нов и атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот.
Скопје, 18 февруари 2019г. – Телекомуникациската компанија Vip во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Државниот Завод за трансфузиологија спроведе крводарителска акција во која вработените во Vip повторно ја покажаа својата хумана страна и излегоа во пресрет на здравствените институции се со цел да се намали недостатокот на крв и крвни продукти...
(Скопје, 18.02.2019) - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе има Отворен ден во Скопје, со цел да ги претстави разновидните академски програми коишто ги нуди на својот кампус во Солун, Грција. Отворениот ден ќе се одржи во четврток, 21 февруари 2019 година, со почеток во 16.00 до 20.00 во хотелот Скопје Мариот...
На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub...
Минатата недела во рамките на VI Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа Европа (РСП) „300 БЕСТ“, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување- „Пакомак“ стана почесен добитник на наградата за „Најзаслужна компанија за допринос кон развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа“. Свеченоста за доделување на наградите ќе се случи во период од 22 до 24 март, 2019 година, во Дубровник...
Дали некогаш сте помислиле дека кујната може да биде фасцинантно место за вашите деца? Всушност, уште пред да ги повикате да ви се придружат, нивната фасцинација е веќе подгреана, бидејќи досега повеќепати ве гледале како спретно и брзо работите сецкајќи зеленчук и превртувајќи ги нивните омилени палачинки. Па дури и набљудувањето на пареата од тенџерињата и волшебните мириси на сè она што е на менито таа вечер за нив претставува вистинска магија! Дури и повозрасните деца би можеле да бидат заинтригирани од тоа како се надигнува и се пече погачата во рерната. Па од овој аспект гледано не постои причина зошто не би ги поканиле во кујната за да ви помогнат, давајќи им соодветни задачи за нивната возраст...
Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни, вели легендарниот Горан Бреговиќ во новата епизода на шоуто „Еден на Еден“...
После постоење на повеќе од четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната групација Generali. Со основањето на првиот словенечки инвестициски фонд – Galileo, во 1992 година и најстариот хрватски инвестициски фонд KD Victoria, KD Funds стана предводник во индустријата на словенечките инвестициски фондови.
Скопје Сити Мол е првиот шопинг центар во Македонија каде што е поставена станица за полнење на електрични и приклучни хибридни возила...
Посебни услови за штедење и поволна каматна стапка само во среда...
Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Намерата за ширење на Групацијата Триглав на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки...
Студентскиот живот е несомнено возбудлив и исполнет со бројни незаборавни доживувања, но неминовно е и дека носи свои предизвици за студентите. Непроспиени ноќи за испити, трошоци за студии, трошоци за патувања, кирии или пак различни активности и дружење...
Дали уживате во зимските авантури или, пак, повеќе сакате снегот да го гледате од прозорецот и да уживате во домашна атмосфера? Дали сте повеќе фан на сноуборд или на скии? Имате силна детска страна и уживате во правењето Снешко Белчо или, пак, претпочитате да не се измокрите и да им ја оставите таа игра на децата?
Повисоките критериуми за вакцините, е причина зошто некои компании негодуваа на последното отворање на понудите за последната јавна набавка за вакцини, за следните две години во Македонија. Сменетите критериуми за вакцините, каде се бара поголема валентност на вакцината, предизвика реакција кај некои фармацевтски компании, кои тврдеа дека нешто не е во ред со тендерот. Но, од Министерство за здравство објаснуваат дека овој пат критериумите се повисоки од минатите години и тоа за вакцината ХПВ, Рота и пнеумококната вакцина...