Зошто некои фармацевтски компании се бунат за последниот тендер за вакцините?

Повисоките критериуми за вакцините, е причина зошто некои компании негодуваа на последното отворање на понудите за последната јавна набавка за вакцини, за следните две години во Македонија. Сменетите критериуми за вакцините, каде се бара поголема валентност на вакцината, предизвика реакција кај некои фармацевтски компании, кои тврдеа дека нешто не е во ред со тендерот. Но, од Министерство за здравство објаснуваат дека овој пат критериумите се повисоки од минатите години и тоа за вакцината ХПВ, Рота и пнеумококната вакцина.

zosto-nekoi-farmacevtski-kompanii-se-bunat-za-posledniot-tender-za-vakcinite-001.jpg

„На почетокот на 2009 година, е воведена четиривалента вакцина за ХПВ, но од економски причини неколку години подоцна, некаде во 2014 година поради економски причини, иако станува збор за минимална разлика во цената, се почнува со набавка на двовалентна вакцина за ХПВ. Сега повторно е подигнат стандардот, разликата во цена е минимална, а бенефитите секако се во прилог на граѓаните”, изјавија од Министерство за здравство. 

Компаниите кои негодуваа всушност не произведуваат четиривалентна вакцина, добавувачи се за двовалентната вакцина. Ниту пак им е регистрирана Рота вакцината. За пнеумококната вакцина, условите се да поседува 19А серотип, што е доказ дека вакцината спречува сериозни компликации кои може да бидат фатални по пациентот. Ни тој серотип не е дел од понудата на дел од компаниите. 

„Не станува збор за ништо повеќе од тоа дека повисоките стандарди кои се бараат од вакцините, во моментов дел од производителите на вакцини не ги задоволуваат, поради тоа што не ги произведуваат овие вакцини или пак не им се регистрирани”, дообјаснуваат од Министерство за здравство. 

Комисијата за набавка на вакцините ги следи препораките за зголемување на квалитетот на вакцините и тоа е процедура која ќе се следи и понатаму, а фармацевтските компании ќе мора да се прилагодат на новите, повисоки услови. 

*Платена објава

Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години вр... „Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè ушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg