Како е преставена годинава Македонија, поточно нејзиниот најблескав бисер Охрид, на сајтот The Culture Trip?
На 31 мај ќе се одржи 10тата конференција за човечки ресурси, а оваа година темата на која ќе се зборува е „From HR to RH – Respect for Humanity“. Најпознати и најугледни професори, тренери и менаџери од земјата и регионот во улога на спикери, ќе ги пренесат своите искуства и знаења, токму на оваа истакната тема, од огромно значење за цивилизираниот свет. Изборот на темата произлезе од тесната и нераскинлива врска меѓу човечките ресурси и почитта кон човечноста...
Според податоците на Државниот завод за статистика 453 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија, и не можат да си ги дозволат сите оброци на ден, со месечни приходи помалку од 6.500 денари. Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик. Според податоците, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесувала 21,9 отсто. Од друга страна илјадници тони на безбедна храна се фрла на депониите...
Има ли подобро нешто од вечер поминатa во домашен амбиент со нов филм или нова епизода од омилената серија?! Ако немате листа со филмски наслови што ја дополнувате со препораки од пријателите, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози...
Во почетокот на месец април започна со реализација првиот систем за донирање на храна од страна на компаниите во Македонија.
На 2 мај во ноќниот клуб Станица 26 концертна промоција ќе има скопскиот бенд „Kabadayas“, зад кој стојат тројца искусни музичари Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски, бас гитара и Дино Милосављевиќ – тапани и перкусии. Наслов на нивниот албум е „Од понеделник“. Концертната агенција и продукција „3Гонга“ стои како издавач на овој албум. На концертот покрај нив, како специјални гости ќе настапат Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска вокалистки, Ратко Даутовски, нашиот виртуоз на перкусии и Трајко Велков, кој е еден од најдобрите трубачи на Балканот. Музичарите најавуваат концерт со убава атмосфера пред се, џези амбиент со наш шмек. По тој повод разговаравме со Џоле Максимовски...
Во денешното хаотично секојдневие, секоја од нас е менаџер. Едноставно, менаџираме на работа, менаџираме во семејството, менаџираме со сите секојдневни обврски со цел да може да ги постигнеме задачите кои си ги поставуваме. Затоа, важно ни е процесите да се брзи и ефикасни, а доброто планирање на времето значи подобри резултати...
Скопје, 20 април 2018 – Најсреќниот добитник во наградната игра Orbit Момент да блеснеш, добитникот на главната награда Peugeot 208 е Анета Петковска од Битола.
Неколку дена пред неговите концерти во Скопје и Струмица, Иван Босиљчиќ специјално долета од Белград за да биде дел од Еден на Еден...
Одбројуваме до Скопскиот маратон. 6 мај е се поблизу, а така се зголемуваат и дилемите за спортската опрема. Илјадници натпреварувачи имаат илјадници цели, некои сакаат да го надминат својот рекорд, некои да се надминат себеси, некои да победат за своите сакани. Скопскиот маратон како тест на крајна истрајност е дополнителен поттик за избор на совршените патики како и опрема за трчање која е суштински дел од можноста да се постигне повеќе.
Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак, за потоа да се рециклира, наместо да заврши на депонија. Целта на ваквиот собир е да им се укаже благодарност за совесноста и иницијативата да бидат дел од оваа акција која има за цел да ја подигне свесноста на повисоко ниво во однос на третманот на отпадната амбалажа. Покрај сопствениците на кафулињата, рестораните и претставници од Пакомак на настанот присуствуваа и претставници од општините: Карпош, Аеродром и Центар, кои го препозна значењето на овој настан и ја дадоа својата безрезервна поддршка...
Новиот спот на Скопско Smooth во целост е инспириран од луѓето кои што живеат - по свое. Од сите оние кои без разлика на целокупните околности, остануваат упорни и ги одредуваат правилата по кои ќе ги живеат сопствените животи...
Скопје, 19 април 2018г. – Вип со задоволство го објавува учеството на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан што се одржува во Скопје од 18 -19 април, 2018г...
Вчера, на Економскиот факултет во Прилеп, се одржа четвртиот настан од акцијата Feed Your Brain, на кој како мотивациони говорници настапија: Сашо Самарџиоски, Лила Филиповска и Рисима Рисимкин...
Прашајте било кој роден во новиот милениум и веднаш ќе ви каже кои Марко Марковиќ - GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator. Најпознатите македонски јутубери, неделава во „Еден на Еден“ зборуваа за новата „Јутјуб“ култура, која се повеќе зема замав во Македонија. Нивните видеа секојдневно ги следат илјадници фанови, а на нивните таканаречени „митапи“ доаѓаат стотици деца...
Одговорот е едноставен – изборот на вистински универзитет за вашите идни планови. Не знаете како? Еве неколку клучни работи што треба да ги разгледате при изборот на универзитетот. Цената на кафето во студентската кантина не треба да биде една од нив, додека проверката на рангирањето на универзитетот сигурно треба да биде една од клучните точки што треба да се разгледуваат пред да изберете...
Македонски Телеком на своите Smart и Magenta 1 корисници им нуди нова опција VIDEO со која неограничено ќе можaт да гледаат видео содржини од Youtube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон, без притоа да трошат од мобилниот интернет вклучен во претплатата...
(Скопје, 17.04.2018) – Македонскиот национален MOS натпревар го бара највештиот и најдобар познавач на Мајкрософт офис апликациите. Сите ученици од основни и средни училишта, како и студенти на факултети од Македонија кои се на возраст од 13 до 22 години и кои имаат напредни вештини и познавања за ворд, ексел и пауер поинт, можат да се пријават и да учествуваат на националниот MOS натпревар. Пријавувањето на натпреварувачите трае до 20ти април, а големото финале ќе се одржи кон крајот на мај во Скопје. Победниот од натпреварот ќе учествува на светскиот натпревар Мајкрософт офис специјалист 2018 година, кој годинава ќе се одржи во Флорида, САД...