„Сместена сум во типично француско мало апартманче, сѐ е во францускиот дух, локалците се љубезни и се чувствувам добродојдено“, споделува за CRNOBELO.com Ксенија Николова, која моментално ја живее својата бајка.
„Многу време се мислев дали да правам операција на увото. Мене не ми се познава многу и никој не го забележуваше, но јас си забележував затоа што едното уше ми е малку клемпаво и ми пречеше“, ја започнува својата приказна Марија Илиев од Штип.
Насмевки, прегратки, семејно дружење на три генерации - Тамара и Тијана се на море со мајка им Брана и децата на Тамара.
„Искрено, очекував тоа да се случи на патувањето во Сицилија, кај што бевме пред 2 недели, но тоа не се случи. Давор ме запроси кога најмалку очекував и тој момент ми беше вистински шок, исполнет со емоции и радост“, вели Соња од Македонски Брод за неочекуваното запросување на Галичица.
„На моменти се прашувам дали сум маникир мајстор или психијатар, секој доаѓа да си го каже проблемот, маката и очекува за мала сума пари да си излезе со средени нокти, среден проблем и позитивна енергија“, вели Деспина Гоцева од Скопје.
„Ти благодарам лето 2024. Сега, се враќаме на секојдневието“, напиша Живкица на Инстаграм и сподели ретки фотографии со трите деца и сопругот.
„Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напад, мислев дека ќе умрам. Потоа чувствував постојан страв во градите. Одев на психијатар и ми препишаа антидепресиви, кои ми ги убиваше сите чувства, бев како фикус. Во тој период најмногу ми помогна Кун, кој беше секој ден кај мене“ - Тони од Два Бона искрено раскажува за периодот кога се борел со анксиозност.
Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари години наназад. И додека голем дел од нас немале искуство со дрскост сервирана од другата страна, една скопјанка се огласи дека го доживеала тоа на своја кожа. Основано или не, што мислите вие?
Разиграна и полна со енергија, Елена Ристеска блесна на сцената во еден скопски локал, а за оваа пригода избра црно кусо фустанче со корсет.
Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Слаткар и Тони Зен која полека станува хит.
Цеце Николова е на летување со дечкото во Турција - на фотките што ги сподели изгледа посреќна од кога и да е - се гледаат заљубено и уживаат во врската која ја почнаа неодамна.
„Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека бајковит изглед на роденден и фустани во тон имав замислено уште од кога дознав дека носам девојче“, открива Кристина од Скопје за CRNOBELO.com.
Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на младенците - додека пееше, ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата.
„Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени од сите клиенти, редовни и нередовни, сегашни и идни...“, видно изреволтиран ја започнува својата објава фризерот Зоки Давитков.
Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој реон да се прошири на селото Паралово и манастирот Св. Ѓорѓи - време е за нови позитивни вести!
„Во скопскиот регион оваа недела ќе биде натпросечно топло, но повремено можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд“, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука ги испрати на првиот школски ден Дарен, кој е прваче и Хана, која почнува 3-то одделение. Кои познати Македонци денес имаат првачиња?
„Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, беше потсмевана и за стилот на облекување –‘Со чорапите на татко ти доаѓаш во училиште’, ‘Не ти е срам да доаѓаш со дуксер како вреќа?’, имавме и: ‘Не мислат твоите дека ти треба нов телефон?’..., споделува мајка од Македонија на Инстаграм.