Цела естрада вчеравечер (30.10) дојде на роденденската забава на естрадниот магазин Backstage. Тука беше и првата водителка на оваа емисија Марјана Станојковска, но и Лара Иванова и Антониа Гиговска, Пајак, Дарко Димитров, Миле Кузмановски, Владо Јаневски... Ова беше журка која ќе се памети и поради добрата забава, но и по модните изданија на гостите.
Тикви со вештерски капи, надгробни плочи, крв... Тематски колачи кои на „Ноќта на вештерките“ ќе направат да ви поминат морници низ телото. И во Скопје има декоратери за храна, кои прават ремек-дела.
Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар - Скопје.
Жарко Димоски го држи новородениот син во прегратка, Роберт Спасенцовски си прави селфи пред огледало, а неговата сопруга Антониа Гиговска шета во парк, Тамара Тодевска уживаше на Козјак со децата, а Елена Најдоски повторно ужива на патување од соништата, овојпат во Виена.
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски станаa родители, четири месеци откако направија свадба, и ја изненадија јавноста, бидејќи популарната Исаура од „Преспав“ ја криеше бременоста.
Дани Димитровска пелтечела бидејќи не можела да каже убаво „Р“ и ѝ требало долго време да ја прифати несовршеноста. Ламбе Алабаковски со другарчињата крадел штици од напуштени куќи за да си градат колиби во кои ќе си играат. Кои се најголемите тајни од детството на познатите Македонци?
„Стефан чекал еден месец да го изработат прстенот, сакал да е рачна изработка, а каменот да биде аквамарин. Потоа уште еден месец го криел по високи полици во станот, со надеж дека нема да се качам да бришам прашина, чекајќи го денот кога ќе се искачиме на Плат за да ме запроси“, вели скопјанката Софија за запросувањето на Шар Планина.
Колку неработни денови и државни празници ќе имаме во 2024 година? Симнете го и испечатете го календарот со неработни денови за 2024 година во којшто се одбележени неработните денови и државните празници.
„Таа е сѐ уште мала, профилот на Инстаграм е повеќе е за забава, детска активност и јазична едукација. Видеата не ни одземаат многу време, ги снимаме брзо и спонтано“ – вели во изјава за CRNOBELO.com мајката на 6-годишната Стела, Вероника Стоилков.
Кога жолтите лисја крцкаат под нозете, мириса на кафе со цимет и дрвјата се обоени во безброј нијанси, тогаш нè асоцира на есен во Градскиот парк, зарем не?
Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд од март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.
Се верува дека откако до нејзините мошти закопале непознат давеник, таа на сон му се јавила на еден од работниците и барала под итно нејзиното тело да биде закопано достојно, како што ѝ доликува на една светица – По ова култот на Света Петка масовно се раширил низ Балканот, а во Македонија важи за еден од најголемите празници, познат и како Петковден.
„Буквално два дена пред нашата венчавка отидовме да бараме што да носиме - сакавме нешто нетрадиционално и уникатно. Јакните ни беа дизајнирани од сликарот Божиков и неговата сопруга“, вели Сара Цветкоска (29), сега Ѓуроски, од Прилеп за CRNOBELO.com, која стапи во брак со македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски.
Новинарот Зоки Василевски – Фаци, кој пред скоро две години беше опериран од карцином на ногата, преку својот Инстаграм откри дека вчера (25 октомври) повторно имал операција, но се чувствува добро.
„Во целиот амбиент доминираше црната боја и минималистички примеси на златно. Имав замисла забавата за свршувачката да биде уникатна и да наликува на официјален настан, па така на самиот влез во ресторанот имавме и црн тепих за гостите да чекорат по него“, раскажува Јована (25) од Свети Николе за CRNOBELO.com.
„Пробав многу спортови пред балетот: фудбал, карате, кошарка, но ниту еден од нив не направи да се чувствувам како кога танцувам“ – младиот гостиварец Анди Исмаили ја освои хрватската публика со својот танц на шоуто „Суперталент“, откако претходно освои 3 светски првенства во модерен балет.
„Едно знам сигурно – нема ништо слично на Дубаи. Не наликува на ниеден друг град. Но, не може со душата на Италија или Швајцарија. На моменти фали некоја планина и малку природа, во однос на облакодерите и температурата од 60 степени. Дури и малку дожд, кој во Дубаи не постои. Во секој случај, неповторливо искуство“, вели Миа Костова за последното патување.
Каролина Гочева е од Битола, Снеже Велков од Македонска Каменица, а манекенката Иларија Кирилов од Куманово. Ве водиме на тура на убавина низ низ 12 градови во Македонија, која ќе ви докаже дека со право се испеани стиховите „Нема поубаво девојче од Македонче“.