„Врсниците ме исмејуваа заради танцот“ – Момче од Гостивар (14) освои златен тастер во хрватскиот „Суперталент“

„Пробав многу спортови пред балетот: фудбал, карате, кошарка, но ниту еден од нив не направи да се чувствувам како кога танцувам“ – младиот гостиварец Анди Исмаили ја освои хрватската публика со својот танц на шоуто „Суперталент“, откако претходно освои 3 светски првенства во модерен балет.

vrsnicite-me-ismejuvaat-zaradi-tancot-momche-od-gostivar-14-osvoi-zlaten-taster-vo-hrvatskiot-supertalent-01.jpg

Во декември минатата година, Анди Исмаили (14) од Гостивар по третпат стана светски шампион во модерен балет, а сега одлучи да се пријави во хрватско шоу за таленти и ја освои тамошната публика, но и жирито.

vrsnicite-me-ismejuvaat-zaradi-tancot-momche-od-gostivar-14-osvoi-zlaten-taster-vo-hrvatskiot-supertalent-02.jpg

Анди Исмаили од Гостивар деновиве е топ тема во хрватските медиуми откако се пријави на шоуто Supertalent на Nova TV, а го освои златниот тастер од Мартина Томчиќ, со што си обезбеди директен пласман во полуфиналето.

Анди откри дека неговиот татко студирал во Хрватска и идејата Анди да се пријави за настап била токму негова.

„Тоа што добив златен тастер во омиленото шоу на татко ми е ‘шлаг на тортата’“ – вели младиот гостиварец во изјава за хрватските медиуми.

vrsnicite-me-ismejuvaat-zaradi-tancot-momche-od-gostivar-14-osvoi-zlaten-taster-vo-hrvatskiot-supertalent-03.jpg

Анди вели дека неговите родители и семејството му се најголема поддршка, а раскажа дека сосема случајно почнал да се занимава со танц, откако вујна му еден ден го однела во школа за танц да ги гледа своите братучетки.

Професорката пуштила некоја музика, Анди почнал да танцува и тогаш сфатиле дека има талент.

„Пробав многу спортови пред балетот: фудбал, карате, кошарка, но ниту еден од нив не направи да се чувствувам како кога танцувам.

Кога го имав првиот настап што ги остави луѓето без зборови, сфатив дека сум длабоко заљубен во танцот“ – вели Анди.

vrsnicite-me-ismejuvaat-zaradi-tancot-momche-od-gostivar-14-osvoi-zlaten-taster-vo-hrvatskiot-supertalent-05.jpg

Тој исто така откри дека на почетокот се соочувал со погрдни коментари и навреди од своите врсници, а најповредено се чувствувал кога една професорка го навредила.

„Кога еден тинејџер ќе слушне нешто такво, тоа автоматски му ја уништува самодовербата, разбирам такво нешто да ми се случи со соучениците, но сметам дека не е во ред тоа да го прави некоја возрасна жена. Малтретирањето ме направи посилна личност“ – изјави тој.

vrsnicite-me-ismejuvaat-zaradi-tancot-momche-od-gostivar-14-osvoi-zlaten-taster-vo-hrvatskiot-supertalent-06.jpg

Како што вели, во еден миг сакал да се откаже од танцот, но сега сфатил дека тоа му помогнало да стане најдобрата верзија од себе.

Негова цел е еден ден да се пресели во Лос Анџелес каде ќе снима филмови и ќе танцува.

Погледнете го настапот на Анди:

https://www.youtube.com/watch?v=fDv0wOlzg8k

Прочитајте и Браво! Момче од Гостивар по вторпат е светски шампион во танц – танцува како да лебди (видео) 

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска си ја соголи душата: „Плачам кога луѓето се злобни кон мене, страв ми е дека никог... „Не ми беше лесно да се отворам. Може ќе ме разберете, може не, можеби поминуват...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава