Пред извесен период, пeјачот Даниел Кајмакоски откри дека очекува дете со сопругата. Тој објави фотографија од неа на која таа го држи трудничкото стомаче.
„За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене. Тој и овојпат беше избран во склоп со песните. Особено за „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша аутфитот требаше да биде впечатлив“, вели Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци за CRNOBELO.com.
Елена Ристеска на 27-ми април го прослави 37-иот роденден, а сега откри каде славела низ годините и колку многу честитки добила.
Тамара Тодевска го прослави 7-иот роденден на ќерката Хана со тематска забава „Wednesday“. Популарната серија заедно со главната хероина Wednesday очигледно ја инспирирале малата Хана, па и таа беше облечена во црно како неа и со темна шминка и плетенки.
„Балоните ги порачав од Ali Express и чинеа околу 550 денари, сталакот, на којшто стоеја, беше изработен од мојот сопруг. Тортата беше дополнета со наши играчки во форма на домашни животни. Нашите соседи беа добри и ни дадоа бали сено декорирано со кокошка, а врз него и фенер“, открива Николина Ангеловска (31) за вториот роденден на синот.
„8-мииииии месец. Ирина е трудница за пример и мотивација за секоја една жена. Не пропуштаме час со вежбање. Одиме од сала на пораѓај...“, вели фитнес тренерот Јасна Лековска за Ирина Дишовска и објави снимки како Ирина вежба.
„Нормална бременост по загубена бременост бара многу верба во себе, во своето бебе и верба во Господ. Во првото тромесечје имав голем страв, дури и сега по секој преглед, на кој докторите ми велат сè е во ред со бебето, ми треба некое време да можам да се препуштам и да се ослободам во убавината на таа вест...“, вели Александра Шекутковска од Скопје.
Кој живее во куќата на Бетмен во Радовиш? Погледнете повеќе фотографии и дознајте од каде била инспирацијата на сопственикот за да изгради ваква куќа.
„Среќен втор роденден на мојот мал принц! Тешко ми е да поверувам колку брзо времето летна. Се чувствувам како да беше вчера кога те држев во раце за првпат...“, гласи дел од емотивната објава на Симона Поповска (31) за својот поголем син Никола.
Билјана Дебарлиева, Миланка Рашиќ и Марјана Станојковска се само дел од познатите Македонки на кои русата коса им е заштитен знак години наназад и им прилега одлично.
„Ми имаат кажувано за чудотворните моќи на манастирот и дека секоја желба, доколку е искрена и чиста ќе ти се оствари, а мојата очигледно се оствари – Ана ми кажа ДА“, вели Илчо Ваневски (29) за CRNOBELO.com.
„Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежбај, пази како говориш, пази што мислиш, пази со кого се дружиш, пази кој ќе те види - не ти доликува на тебе тоа, пази каде одиш, пази, пази… и ползи, преживувај, молчи и трпи. СТОП!“, гласи дел од објавата на дизајнерката Ивана Кнез.
„Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“ – ова е едeн од најпознатите цитати на македонскиот Шекспир, Горан Стефановски.
„Буквално сè за во Италија ми беше букирано од Македонија месец дена пред тргнување. Ваква тура со мали деца не знам дали би препорачала, индивидуално е. Андрија со свои скоро 11 години, па знае да е кенкав, уморен, да го боли глава, да е гладен...Но, вреди, Италија е рај!“, раскажува Миа Костова.
Миа Костова со синот и пријателката Тијана е на рајско патување низ Италија, Антониа Гиговска уживаше на вечерно излегување со голо стомаче со свршеникот, а пак Јелена Спенџарска се шеташе низ Солун.
„Уште прв ден одма штом те видов јас се заљубив, беше црвен, ко за нешто да си ми се наљутил“ пее Слаткар во песната „Насмевка“ која ја напиша за синот Моша. Видеото е направено од семејни снимки и ги покажува сите емоции на Слаткар - од Сања која е бремена, преку од моментот кога првпат го зел во раце синот, па до денес.
„Автобусот беше речиси празен, ама бидејќи седев понапред, не забележав чие беше ова ‘уметничкото дело’, само знам дека двапати се свртев, затоа што не ми се веруваше првиот пат дека гледам во лушпи од јајце така оставени на седиште во автобус“, вели Ана Ристевска од Скопје за CRNOBELO.com.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски беа на велигденско кампување со децата во селото Лупште во близина на Македонски Брод, каде се дружеа и хранеа магаренце, Живкица Каленикова си направи селфи со Антоанела Рокузо, сопругата на легендарниот фудбалер Лионел Меси, a Тамара Тодевска нè претставува на предевровизиска забава во Лондон.