Александра Шекутковска: „ Нормална бременост по загубена бременост бара многу верба во себе, во своето бебе и верба во Господ“

„Нормална бременост по загубена бременост бара многу верба во себе, во своето бебе и верба во Господ. Во првото тромесечје имав голем страв, дури и сега по секој преглед, на кој докторите ми велат сè е во ред со бебето, ми треба некое време да можам да се препуштам и да се ослободам во убавината на таа вест...“, вели Александра Шекутковска од Скопје.

aleksandra-shekutkovska-normalna-bremenost-po-zagubena-bremenost-nosi-golem-strav-teshko-mi-e-da-se-prepushtam-01.jpg

Александра Шекутковска e жената која стои зад профилот „Концепт мама“. Таа е од Скопје, а живее во Бремен и ја има 6-годишната ќерка Ѕуница.

Сега, Александра повторно е бремена, но во емотивна исповед на нејзиниот Инстаграм профил открива дека бременоста, по загубена бременост, нешто со што таа се соочила, е многу тешка.

aleksandra-shekutkovska-normalna-bremenost-po-zagubena-bremenost-nosi-golem-strav-teshko-mi-e-da-se-prepushtam-02.jpg

Нејзината исповед гласи:

„Нормална бременост по загубена бременост бара многу верба во себе, во своето бебе и верба во Господ.

Во првото тромесечје имав голем страв, дури и сега по секој преглед, на кој докторите ми велат сè е во ред со бебето, ми треба некое време да можам да се препуштам и да се ослободам во убавината на таа вест.

На почетокот на 7-иот месец иако ме ловат мислите што ако бебето се роди порано или дали ќе биде во ред до крај, пробувам да им правам контра со размислувањата дека моето бебе е силно, а и дека јас заедно со неа созреав во уште посилна личност.

Сепак градењето на систем на поддршка е нешто што многу ме крепи во овој период и ми дава ветер во грбот.

Неколку чекори на кои се одлучив, а кои топло ви ги препорачувам доколку се соочувате со сличен предизвик се следните:

- Отворена комуникација со мојот партнер и јасно изразување на потребите и желбите.

- Посветување на време за себе, активности и искуства кои сакам да ги правам за стишување на вечната борба во себе помеѓу идентитетите на жена индивидуална, истражувач и уметник и жена - мајка.

- Разговор со професионално лице за полесно справување со интензивните чувства, не нивно негирање напротив, соочување и прифаќање. Користење на чувствата како подлога за создавање уметност.

- Волонтирање на проекти во мојата заедница кои им помагаат на други луѓе и не се поврзани само со самата себе.

- Планирање на периодот по доаѓањето на бебето, кои личности можат да пружат помош, подготовки во домот, поддршка и со другите деца.

- Квалитетно поминато време со мојата ќерка. Многу често слушам дека доаѓањето на второто дете ја менува значително динамиката на семејството и затоа се обидувам уште повеќе да ѝ посветам квалитетно поминато време заедно.

- Користење на различни алатки и активности за зајакнување на сопствената самодоверба. Нежно зборување кон себе, без преголема критика, пореален пристап од првата бременост.

- Промена и избирање на нов гинеколог кој има поемпатичен пристап.

- Потсетување на секоја промена, болка и неудобност во телото дека бремените жени се божици“.

Прочитајте и Александра од Скопје: „Имаме одлични односи со поранешната сопруга на партнерот – заедно ги славиме родендените и си помагаме“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Александра Пижевска со пикник фотки од Градски парк: „И во Скопје може да биде прекрасно, ако се пот... „Имаме традиција да си организираме пикник со другарките. Некогаш имаме активнос...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава