Музичарот Роберт Спасенцовски, свршеникот на Антониа Гиговска подготвува нов музички проект, облечен како ликот на „Џокер“, Лила Филиповска блеска со кратка коса, а водителката Елена Стојановска ја доловува рајската убавина на Португалија.
По храброто појавување на отворањето на Саемот за венчавки, Лила повторно издоминира во целосен црн аутфит, со темни очила за сонце, црвен кармин и со природната руса коса.
Нашата планинарка Ирина Дишо, која неодамна направи свадба со Павле Камилоски, објави фотки и видеа од планинскиот врв Бајрак на Караџица – го покажа трудничкото стомаче и планинскиот пикник.
Лила продефилира на Саемот за венчавки во црна тоалета со висок шлиц и за првпат со својата природна, кратка коса, откако откри дека се изборила со ракот – уште еднаш покажа како изгледа жена лавица.
„Наш водечки производ е македонскиот хамбургер, го служиме со компирите внатре прелиени во кечап и мајонез, точно како што јадевме во детството во Македонија. Секојдневно сè повеќе расте бројот на гости Американци, Азијати и од речиси сите страни на светот. Многумина ги привлекува натписот Macedonian Street Food, за да пробаат каква храна е тоа, па потоа пребаруваат на Google каде точно, Македонија е позиционирана на картата на светот“ – вели за CRNOBELO. Com Маја Јаковиќ Стојмирова, сопственичка на сендвичарата Babba Grill во САД, која им овозможува на луѓето да уживаат во традиционалните македонски специјалитети.
Веќе добро знаете дека Мирослав Илиќ оваа година прославува 50 години од својата кариера и тоа со големи концерти ширум регионот. После преполната Белградска...
„Дојдов во САД на само 17 години без да знам англиски јазик. Патот беше тежок. Немав семејство или роднини кога дојдов тука, но си го создадов најголемото семејство од сите пријатели кои ги сретнав низ годините. И најважно – ја сретнав мојата сопруга со која имаме две прекрасни деца, родени во САД“, вели Исмаил Лумановски за преселбата од Македонија. САД ѝ стана дом и на Сара Леши, која се пресели таму во име на љубовта.
Јелена Спенџарска никогаш посреќна, откако љубовта ја одведе во Грција.. Со саканиот ужива покрај море во Солун пиејќи кафе и лежејќи кај него во скут.
„Кога ќе ми завршеше снимачкиот ден, ми беше жал што утре не сум повторно на снимање, просто не сакаш да си заминеш од сет. Во ‘Бистра Вода’ го играм ликот на Ана, која живее со својот татко инвалид и својот помал брат, средношколец“, вели Ирена Илиевска, за новата серија, која се емитува на ТВ Алфа секоја недела во 20 часот.
Марија има сопруг од Даблин и поради тоа Ирска ѝ е дом речиси две децении. Но, оваа Македонка успеа таму да изгради свој успешен бизнис, а сега направи и фотосесија од светски ранг.
Пејачката Ивона Јо објави разголени фотки од себе по повод Денот на жената и испрати моќна порака до сите жени да бидат нежни према себе. Истата оваа порака Ивона ја има истетовирано меѓу градите.
Насмеана и во аутфит кој го истакнува трудничкото стомаче, Антониа Гиговска им го честиташе 8-ми Март на сите девојки и жени.
Од екстремни спортови како алпинизам и параглајдинг до готвење со љубов за својата сопруга и 4-те деца, Чедомир Јовановиќ (51) дефинитивно е еден од најзаводливите политичари во регионот.
Една година по тешките настани во нејзиниот живот, Александра Шијакоска е посреќна од кога било. Слави роденден со најблиските облечена во бело, откако на вистинскиот ден прослави со колешките и пријателки на инфлуенсерското патување во Маурициус.
Во избор од околу 400 аеродроми ширум светот, аеродромот во Скопје беше прогласен за еден од најдобрите аеродроми со 2 до 5 милиони патници годишно...
„За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно“, вели Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци за CRNOBELO.com, која е ученичка во 4-та година.
„Кога се запишав на факултет сите блиски ме прашуваа ‘Медицина и моделинг? Нема шанси, мора од нешто да се откажеш’. Но, денес сум четврта година на студии и сум дел од модна агенција од Милано, Италија“, вели нашиот интернационален модел Елена Ѓорговска (22) од Струга за CRNOBELO.com.
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска, направи голема забава за раѓањето на бебето еден месец пред да се породи. Таа забавата ја правеше во Словенија, каде што веќе седум години живее со сопругот Михаел.