Вечер на гастрономско уживање со спарување на најдоброто вино со соодветно мени организира Дистрик бар и ресторан. На Wine Dinner Series вечерта што ќе се одржи на 5 март (вторник) со почеток во 20.30 часот, гостите во тајните на виното и храната ќе ги водат главниот готвач на Скопје Мериот хотел, Кирил Ставрев и Андон Крстевски, енологот во винарија Стоби...
Владо Јаневски тргнал на свадбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин во друштво на Калиопи, но она што потоа се случило подоцна досега го знаеја само тие…
Во 2018 година, компанијата постигна рекордни продажби на сите главни пазари, но исто така забележа пазарна капитализација и најниска задолженост од 2010 година...
Македонскиот водечки DIY бренд Електрометал, во годината кога прославува 70 години од своето постоење, покрај континуираниот раст и ширењето на мрежата на маркети ширум Македонија, успеа да донесе уште еден од водечките светски брендови на нашиот пазар...
На 28 февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал, бул. Хаусман бр. 29, 75009 Париз, Франција (29 boulevard Haussmann, 75009 Paris) ("СЖ") (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац 4, 8010 Грац, Австрија ("Штаер"), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка...
Пивара Скопје ја доби годинешната награда „Предводници на Целите за одржлив развој“ на Обединетите Нации. Со наградата која се доделува во рамки на Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата „Конект“, се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје и нејзиниот долгогодишен придонес во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, како и за нејзиното значење и влијание врз развојот на домашната економија и заедницата воопшто.
Синоќа за првпат се одржа свеченото доделување на наградите „Целите за одржлив развој 2019“ каде македонската лидерска прехрамбена компанија „Макпрогрес“ се закити со наградата „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“. Наградата беше доделена за време на свечената церемонија која се одржа во Македонската филхармонија од страна на вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, г. Кочо Анѓушев...
Виталиа која веќе 25 години носи здрави производи на македонскиот и светскиот пазар, овојпат разви бар со мастиха за грчкиот пазар. Она што е интересно за мастихата се нејзините здравствени бенефити што уште еднаш докажува дека Виталиа, секогаш вложува во најдоброто и најквалитетното за своите потрошувачи почитувајќи ги нивните специфични барања за вкус и функционалност...
Телеком почнува со онлајн претпродажба на ексклузивниот Samsung Galaxy S10, што ќе ја одбележи десет годишнината на андроид телефоните на Samsung. Од денес, во Телеком онлајн продавницата корисниците ќе можат да го нарачаат Samsung Galaxy S10 пред официјалната продажба закажана за 8 март, 2019...
Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа на тридневно незаборавно доживување во Дизниленд. Ова е периодот од годината кога Ладна ги мотивира дечињата да го прават она во кое тие најмногу уживаат, а тоа е цртањето!
Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето во 2018 година. Приходите од продажба на крајот од 2018 година бележат зголемување за 2 отсто, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет и во IPTV сегментот. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од 2018 година е зголемена за 3,3 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката за 2018 година бележи раст од 2,5 отсто....
Потенцирајќи ја повторно својата општествено одговорна мисија и стратегија да биде долгорочен партнер на заедницата и на оние на кои најмногу им е потребна помош, Битолска млекара денес оствари голема донација за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“...
Со првите постудени денови во годината, почнува и сезоната на настинки. Еден од симптомите кои ни даваат до знаење дека имунитетот ни е ослабнат и сме подложни на понатамошни компликации е болката во грлото и отежнатото голтање. Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и децата се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците во овој случај не се ефикасни и се препорачува соодветна терапија која брзо ослободува од болки во грлото...
МТФ ја доби наградата за „Најистакната национална федерација за 2018 година“ од ЕТУ...
Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нов и атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот.
Скопје, 18 февруари 2019г. – Телекомуникациската компанија Vip во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Државниот Завод за трансфузиологија спроведе крводарителска акција во која вработените во Vip повторно ја покажаа својата хумана страна и излегоа во пресрет на здравствените институции се со цел да се намали недостатокот на крв и крвни продукти...
(Скопје, 18.02.2019) - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе има Отворен ден во Скопје, со цел да ги претстави разновидните академски програми коишто ги нуди на својот кампус во Солун, Грција. Отворениот ден ќе се одржи во четврток, 21 февруари 2019 година, со почеток во 16.00 до 20.00 во хотелот Скопје Мариот...
На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub...