Еден од најголемите ланци на ресторани, KFC, на 18.07.2019 (четврток) во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија. Преку препознатливиот модел на работење, популарен помеѓу големите ланци за храна во светот, новиот ресторан ќе им овозможи на сите оние кои се во брзање, без да излегуваат од својот автомобил, брзо и лесно да го купат својот омилен оброк...