Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024
Во публиката имаше и специјален гостин – кучето Меси кое стана ѕвезда благодарение на филмот Anatomy of a Fall.
Арнолд Шварценегер и Дени де Вито им ја разбудија носталгијата на фановите на Бетмен.
Двајцата актери глумеа негативци во филмови со познатиот суперхерој, додека Мајкл Китон го има глумено Бетмен.
Кога Шварценегер и Девито се качија на сцената, почнаа да покажуваат кон Китон, па дури и почнаа да го навредуваат (на шега).
Рајан Гослинг ја испеа веќе култната I’m Just Ken и никој не остана рамнодушен на изведбата, а актерот успеа да ја раздвижи и публиката.
Марго Роби, пак, не можеше да престане да се смее во текот на настапот на колегата.
Килијан Марфи, кој веќе е познат како актер кој мрази свечености и на секој важен настан изгледа „скиснато“, изреагира мошне емотивно кога му ја врачија статуетката на сцената.
Со говорот, актерот ја покажа својата скромност и им одаде почит и на другите номинирани во категоријата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата
Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот
Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани
Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот
Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз...
Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката
Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...