Филмски викенд: Журки и љубов

filmski-vikend-zurki-i-ljubov-povekjeОдприлика завршија празниците, а со тоа завршија и поводите да се забавуваме. Следните неработни денови се за неколку месеци, а за помладите...


... распустот и сесијата се при крај. Се надевам дека добро го искористивте овој период и дека створивте некои незаборавни спомени. За овој викенд ви предлагаме забавни филмови, т.е. филмови со журки.

Имаме за секој по нешто. Журка во 80тите за пост факултетлииите и тазе вработените, срцепарателна проштална забава за проблематичните љубовџии и тинејџерска журка.

Уживајте во овој филмски викенд.


Take Me Home Tonight (2011)

filmski-vikend-zurki-i-ljubov-1

Забава во осумдесетите! Филмот е сместен во 1988 година, и следи едноставна приказна слична на романтичните комедии од тоа време. Го имаме Мет кој штотуку дипломирал на престижниот МИТ факултет, но уште незнае што сака да прави во животот.

За да си го пополни времето работи во видеотека и таму налетува на неговата средношколска симпатија Тори. Покасно во ноќта тој оди на забава и се преправа дека е богат банкар за да ја импресионира Тори.

Од тука натака следи голотија, дрога и повраќаници, луда журка, и упорни обиди од страна на сите машки да легнат некоја девојка.

Филмот не е пародија на филмовите од 80тите, напротив, добиваме чувство дека сме во 80тите, а музиката и костимографијата помага да се долови таа носталгија.

Интересно е, а и смешно, да видите толку познати глумци со натапирани коси, засукани ракави, чипкани ракавици и светликав накит.

Режија: Michael Dowse
Глума: Topher Grace (Мет), Teresa Palmer (Тори), Anna Faris (сестра на Мет), Dan Fogler, (најдобар другар на Мет), Michelle Trachtenberg (секси готик женска)


London (2005)

filmski-vikend-zurki-i-ljubov-2

Сид, дознава дека неговата поранешна девојка Лондон се сели во друга држава следното утро, и дека проштална забава во нејзина чест се организира таа вечер.

Но, проблемот е дека тој уште ја нема преболено, и за да си ја олесни болката најчесто посегнува по дрога и алкохол. Тој улетува на забавата во прилично издрогирана состојба со уште еден тип, се затвараат во тоалетот и ја поминуваат ноќта во дискусии за животот, љубовта и девојките.

Вака напишано можеби не изгледа така интересно, но верувајте дека не е така лош филм. Се зборува за раскинување, и за како луѓето се справуваат со раскинувањата.

Разговорите се луди и ќе ве натераат да размислувате. Не раскажувам ништо понатаму и ве терам да го погледнете овој филм, па дури и ако сте во стабилна врска.

Ќе ве оставам со еден цитат: „Не можеш да ги обвинуваш луѓето затоа тоа што се такви какви што се, само можеш да се обвиниш себеси затоа што очекуваш да бидат поинакви“.

Режија: Hunter Richards
Глума: Chris Evans (Сид), Jessica Biel (Лондон), Jason Statham (соговорникот на Сид)


Superbad (2007)

filmski-vikend-zurki-i-ljubov-3

Филм за тројца најдобри другари, кои решаваат да организираат луда забава пред да заминат на факултет.

Темата е алкохол, секс, повраќаници, девојки, менструални дамки, лудо забавување и двајца одлепени цајкани.

Но, нашите момци не се баш најсоцијално прилагодените матуранти, и немале баш среќа со понежниот пол, па организирањето на ваква забава не им оди од рака.

Приказната не е нова, секоја година има некој филм со истата приказна, но тука хуморот и ситуациите во кои влегуваат тинејџериве се оргинални и одлично изглумени.

Ако ви се допаднал "American Pie" тогаш ова е филмот за вас.

Режија: Greg Mottola
Глума: Jonah Hill (Сет), Michael Cera (Еван), Christopher Mintz-Plasse (Фогел), Bill Hader и Seth Rogen (цајканите), Emma Stone (Јулс)

Кои се вашите омилени журкачки филмови?

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Читателите обично не се задоволни кога се прават филмски или телевизиски екраниз...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 филмови со сериски убијци од кои ќе ве полазат морници Ако сакате филм инспириран од вистинска приказна, изгледајте го From Hell. Ако, ...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg