10 одлични филмови од 2025-та кои не беа номинирани за Оскар, но вреди да се изгледаат
Документарниот филм за новинарот Сејмор Херш, новиот филм на Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон, како и третото продолжение од серијалот Knives Out.

Годинава, 50-тина филмови добија номинација за Оскар, но ова не значи дека само тие се вредни за гледање.
Иако Оскарите се сметаат за најпрестижните награди во индустријата, неретко Академијата изостава филмови кои се покажале како огромен хит кај публиката и критичарите.
Некои од овие филмови се закитиле со бројни други награди, што дополнително го потврдува нивниот квалитет.
Во продолжение, десет одлични филмови од 2025-та, кои не добија номинација за Оскари 2026:
28 Years Later
28 Years Later е третото продолжение од серијалот 28 Days Later, па ќе треба да ги изгледате и претходните два дела. Но, имајте на ум дека филмовите можат да бидат доста вознемирувачки.
Дејството е сместено речиси три децении откако светот е опустошен од вирус кој ги претвора луѓето во вид зомби.
Главните ликови се група преживеани кои живеат на остров и откриваат нова мутација на вирусот.
A House of Dynamite
Напнат трилер во режија на Кетрин Бигелоу и со Ребека Фергусон и Идрис Елба во главните улоги.
Откако радари поставени на Алјаска забележуваат дека е истрелано нуклеарно оружје, надлежните пробуваат да го соборат пред да стигне до САД.
The Testament of Ann Lee
Новиот филм на Аманда Сејфрид не доби ниту една номинација за Оскар, но доби бројни позитивни критики.
Филмот е снимен според вистинската приказна за жена која е основач и лидер на религиска секта во 18-тиот век.
Нарекувана „женски Исус“ од нејзините следбеници, таа сонува да создаде утопија во која жените ќе бидат рамноправни.
Cover-Up
Cover-Up е документарен филм кој се фокусира на кариерата на новинарот Сејмор Херш кој има освоено Пулицерова награда.
Тoj е заслужен за разоткривањето на масакр за време на Виетнамската војна, како и скандал за времена Ирачката војна – инциденти за кои е одговорна американската армија.
Во документарецот, самиот Сејмур Херш разговара за својата импресивна кариера.
Father Mother Sister Brother
Антологиската драма со примеси на комедија се фокусира на семејство со заладени односи.
Членовите на семејството живеат во три различни земји, а секој дел од филмот се фокусира на некој од нив и неговите проблеми.
