10 одлични филмови од 2025-та кои не беа номинирани за Оскар, но вреди да се изгледаат
Eddington
Со Хоакин Феникс, Ема Стоун, Педро Паскал и Остин Батлер, Eddington може да се опише како модерен вестерн трилер.
Дејството е сместено за време на пандемијата со ковид, кога меѓу шерифот и градоначалникот на мал град почнува конфликт.
Jay Kelly
Jay Kelly е новиот филм на Џорџ Клуни кој овој пат глуми позната филмска ѕвезда.
Тој и неговиот посветен менаџер тргнуваат на неочекувана авантура низ Европа, а по пат мораат да се соочат со последиците од нивните одлуки и постапки.
Покрај Клуни, се појавува Адам Сендлер, како и Ноа Баумбах кој воедно е режисер на филмот.
The Mastermind
Ако сакате филмови со кражби, тогаш ќе ви се допадне The Mastermind.
Главниот лик е неуспешен архитект кој во 1970-тите, среде бел ден краде четири слики од музеј.
Но, набрзо сфаќа дека чувањето на сликите е многу потешко од самиот чин на крадење.
Wake Up Dead Man: A Knives Out Mystery
Според многумина, ова е најдобриот филм од серијалот Knives Out со Даниел Крег, без разлика што не доби ниту една номинација.
Во третото продолжение, повторно го гледаме детективот Бланк кој овој пат истражува можно убиство во црква, лоцирана во мало гратче со мрачно минато.
Die My Love
Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон добија пофалби за изведбата во Die My Love, но не и номинација за Оскар.
Таа глуми мајка и млада писателка која се соочува со своите демони.
Додека е затворена во стара куќа во рурална област, се соочува со постпородилна депресија и психоза, а нејзиниот парнтер се чувствува сѐ побеспомошно.
Погледнете и: 10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2026
Спирова С. | Црнобело
