Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нетфликс направи серија?
На почетокот браќата мислеле дека сите проблеми им се решени, затоа што го зеле наследството од родителите, а требало да добијат и дополнителни 5 милиони долари од животното осигурување на татко им.

Доказот за вината на браќата ќе следува неколку месеци подоцна и тоа од сосема неочекувано место. Клучна улога во судењето ќе одиграат терапевтот на браќата, Л. Џером Озиел и неговата љубовница Џудалон Смит.

Наводно браќата за време на терапијата, признале дека сами ги убиле родителите и биле снимени на касета. Љубовницата, по расправија со терапевтот се јавила во полиција па дури и им дала копија од аудио снимката со признанијата.

На 8-ми март, 1990-та година, бил уапсен постариот брат Лајл, а помалиот, Ерик, кој во тој период бил на тениски турнир во Израел сам се пријавил во полиција само 3 дена подоцна.

Но, судењето не почнало веднаш, затоа што требале две години за да се одлучи дали снимките направени за време на психотерапија воопшто може да бидат искористени на суд и дали тоа не е прекршување на доверливиот однос меѓу лекарите и пациентите.

Јавното судење започнало во 1993-та година, а додека обвинителите се труделе да докажат дека браќата ги убиле родителите заради богатството, тие двајца тврделе дека биле жртви на сексуално злоставување.

Постариот брат Лајл, тврдел дека татко му Хозе, сексуално го злоставувал до негови 8 години, а потоа почнал да го злоставува помалиот син Ерик, кој имал само 6 години. Мајка им, Кити, пак била зависничка од лекови и алкохол, која била скршена од неверствата на нивниот татко.
„Ме тераше да го масирам, па потоа бараше од мене орално да го задоволам. Потоа детално опишуваше како ќе ме убие ако побегнам“ – раскажа Ерик во 2017-та година.
-->
-->

-->
Во рамки на првото судење, поротата не можела да донесе конечна одлука, по што судењето било повторено две години подоцна, во 1995-та година. Браќата биле осудени на доживотен затвор.
Тие сега се во 50-тите години од животот и досега поднеле повеќе барања за повторно разгледување на нивниот случај, но безуспешно.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз...
Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 одлични серии со силни женски ликови
Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката
Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026
Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани
Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање)
Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
