Филмски викенд: Комплицирана љубов

filmski-vikend-komplicirana-ljubov-povekjeВо последно време, (дали е ова пост валентајн ефект?) налетувам на многу дебати за верноста во врските, моногамна љубов и концептот за вистинска љубов.


Тоа ме потсети на едни од најреалните љубовни врски што сум ги гледала на филм.

Сите што некогаш вистински сакале, или моментално сакаат, ќе ги препознаат овие емоции и ќе можат да се поврзат. Прашањата што се подигаат во овие филмови се универзални.

Дали моногамијата е возможна? Дали е возможно да се љуби некого засекогаш? Дали вреди да се бориш по секоја цена за љубовта?


Last Night (2010)

filmski-vikend-komplicirana-ljubov-1

Џоана и Мајкл, (релативно тазе брачен пар) поминуваат еден викенд разделени и двајцата имаат прилика да го изневерат партнерот.

Тој заминува на службено патување со колешка Лора која патем е неверојатно секси и суптилно го провоцира. Таа налетува на бившиот дечко, се познава дека и недостасувал, а тој воопшто не е срамежлив и признава дека сеуште ја сака.

Верноста на овој пар е ставена на најтешкиот тест. Можеби филмот е спор за вас, но ќе ве натера да погодувате кој ќе успее да издржи да одолее на искушението. И дали може да се продолжи една врската после сè што се кажало и излажало.

Секако не одмага дека сите четворица во филмот се неверојатно убави и згодни.

Режија: Massy Tadjedin
Глума: Keira Knightley (Џоана), Sam Worthington (Мајкл), Eva Mendes (колешката), Guillaume Canet (поранешниот дечко)


Blue Valentine (2010)

filmski-vikend-komplicirana-ljubov-2

Ја пратиме љубовната приказна на Дин и Сидни. Се запознаваат во 20тите години, и ги гледаме различните етапи во нивните животи, од моментот кога се заљубуваат, па венчавката, и подоцна брачниот живот.

Но, многу се сменило низ годините, некаде низ дневните и финансиските проблеми страста и магијата исчезнала од нивната врска.

Тој се бори за да си го зачува семејството, а таа веќе нема љубов за него.

Дали ќе останат заедно? Дали вреди да се бориш да останеш со некој што не те сака?

Нема да се чувствувате дека гледате филм, ќе мислите дека гледате ваши другари како се заљубуваат и како се распагаат пред вас.

Посебно го препорачувам на оние кои имаат дилеми на љубовен план. Иако е тежок и емотивен вреди да се погледа.

Режија: Derek Cianfrance
Глума: Ryan Gosling (Дин), Michelle Williams (Сидни)


Like Crazy (2011)

filmski-vikend-komplicirana-ljubov-3

Џејкоб и Ана се запознаваат и заљубуваат на факултет во Лос Анџелес. Тој е американец, таа е британка.

Таа решава да ја прекорачи студентската виза како би останала подолго со него, но ќе зажали за таа одлука, бидејки нема да може да влезе во Америка.

Следат серија смирувања и раскинувања, неколку посети на Џејкоб во Лондон, други врски измеѓу смирувања, дури и брак. Но, никако да се најдат на истата страна од океанот и да се сакаат заедно.

Дали после пет години кога ќе завршат сите турбуленции ќе може да се продолжи таму каде што застанале? Дали тоа било вистинска љубов или само летна романса што се издолжила непотребно? Дали навистина може да се почне одпочеток?

Филмот е снимен за да можете да се поврзете со ликовите, дијалозите се лесни и делуваат природно, и среќните моменти и караниците изгледаат реално.

Одличен филм за тинејџери и адолесценти, посебно за оние со врски на далечина.

Режија: Drake Doremus
Глума: Felicity Jones (Ана) , Anton Yelchin (Џејкоб)

Што мислите вие за овие комплицирани врски?

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
„El Silencio“ - Нова шпанска серија на Нетфликс ги прикажува страшните последици од семејното насилс... El Silencio е провоцирачка серија која навлегува длабоко во ужасниот свет на сем...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
7 филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Читателите обично не се задоволни кога се прават филмски или телевизиски екраниз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg