Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 одлични (и потресни) воени филмови инспирирани од вистински приказни и конфликти

Rescue Dawn

Уште еден филм снимен според вистинска приказна, овој пат во периодот на Виетнамската војна.

Главната улога му припаѓа на Кристијан Бејл кој глуми американски воен пилот за време на војната.

Откако му се руши авионот, тој е заробен од Виетнамци и затворен длабоко во џунглата, па почнува да го планира своето бегство.

Zero Dark Thirty

Со Џесика Честејн во главната улога, Zero Dark Thirty ја прикажува мисијата на ЦИА за пронаоѓање на Осама бин Ладен.

Дејството на филмот ја опфаќа речиси 10-годишната потрага по лидерот на Ал-Каеда и неговото евентуално убиство.

American Sniper

Иако многу делови се фикција, American Sniper сепак е инспириран од висинска приказна.

Главниот лик е американски војник кој за време на Ирачката станува најсмртоносниот снајперист во историјата на САД.

Главната улога му припаѓа на Бредли Купер, додека филот е во режија на Клинт Иствуд.

Inglorious Basterds

Inglorious Basterds е потполно фиктивен филм со дејство сместено во Втората светска војна.

Граничи со комедија и иако ликовите, освен Хитлер, се измислени, сепак има мошне напнати сцени кои одлично доловуваат како се чувствувале луѓето кои биле (потенцијални) жртви на нацистичкиот режим.

Дејството се фокусира на млада Еврејка која сака да се одмазди за смртта на семејството и добива помош од група војници со иста цел.

The Thin Red Line

Филмот е снимен според автобиографскиот роман на Џејмс Џонс чие дејство се фокусира на конфликт за време на Втората светска војна.

Главните ликови се група војници кои се лоцирани на Соломонските Острови каде пробуваат да преживеат по секоја цена, дури и откако губат контакт едни со други.

Филмот има одлична актерска екипа – Шо Пен, Џон Кјузак, Адриен Броди, Џорџ Клуни…

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
Убиство од култ, самоубиства, морничави повици – 6 (хорор) филмови за кои се верува дека се „проколн... Џон Ленон бил убиен пред зградата во којашто се снимал Rosemary’s Baby, додека с...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg