10 одлични (и по малку мрачни) филмови со Џони Деп
Емотивниот What’s Eating Gilbert Grape или, пак, крими трилерот Donnie Brasco во кој се појавува и Ал Пачино.
Џони Деп е еден од најпознатите холивудски актери и многупати покажал дека знае да се снајде во секаква улога.
Па, и листата со филмови во кои се појавува е мошне разновидна – од мистерии со примеси на хорор, до комедии и анимирани филмови.
10 од најдобрите филмови на Џони Деп:
What’s Eating Gilbert Grape
Емотивна драма во која покрај Џони Деп, се појавуваат и Леонардо ди Каприо и Џулиет Луис.
Ликот на Деп е млад дечко кој мора да се грижи за својот брат со ментална попреченост и неговата мајка која е неподвижна поради дебелина.
Дејството се фокусира на неговата дилема помеѓу одговорноста кон семејството и желбата да изгради свој живот, настрана од нив.
Sleepy Hollow
Во режија на Тим Бартон, морничавиот филм е инспириран од хорор приказната за безглавиот јавач на Вашингтон Ирвин.
Главиот лик е Икабод Крејн, полицаец кој е испратен на задача во гратчето Sleepy Hollow (заспана долина) за да истражува низа убиства.
The Tourist
The Tourist, со Џони Деп и Анџелина Џоли во главните улоги, е комбинација од акција и романса.
Главнит лик е американски турист кој оди во Италија за да преболи поранешна девојка. Овде запознава мистериозна жена која пробува да го убеди дека тој е нејзиниот љубовник по кого трага полиција.
Fear and Loathing in Las Vegas
Снимен според истоимената книга на Хантер С. Томпсон, Fear and Loathing in Las Vegas е динамичен и по малку вознемирувачки филм.
Главниот лик е новинар кој оди во Лас Вегас за да покрие трка со мотоцикли. Друштво му прави неговиот адвокат, но работите излегуваат од контрола кога почнуваат да користат секаков вид дрога.
The Ninth Gate
Интригантен и мрачен трилер, во режија на Роман Полански, кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Главниот лик е продавач на ретки книги кој пробува да најде копија од текст кој наводно може да го повика ѓаволот. Иако самиот не верува, почнува да си го менува мислењето кога ќе се најде во навидум натприродни ситуации.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





