10 одлични (и по малку мрачни) филмови со Џони Деп
Secret Window
Уште една мистерија со примеси на хорор.
Деп глуми писател кој се преселува во изолирана куќа за да може да се фокусира на својата нова книга. Но, одеднаш почнува да го следи маж кој го обвинува за плагијат и почнува да му се заканува.
Corpse Bride
Повторно во режија на Тим Бартон, Corpse Bride е анимиран филм направен со техниката stop motion animation, што му дава посебен шарм.
Главниот лик е млад дечко кој се подготвува за својата венчавка, но случајно се вплеткува со мртва девојка која мисли дека е венчана со него.
Chocolat
Со прекрасната Жулиет Бинош во главната улога, Choclat е романтична драма за млада жена отвора слаткарница во француско село, заедно со нејзината ќерка.
Иако првично локалците негодуваат, таа и ќерка ѝ успеваат да и освојат откако почнуваат да им помагаат во нивните неволји.
Murder on the Orient Express
Снимен според истоимената книга на Агата Кристи, главниот лик во филмот е детективот Херкул Поаро.
Дејството се случува во возот Ориент Експрес чие патување е одложено од снежна лавина. Откако патниците пронаоѓаат мртво тело со убодни рани, детективот мора да го открие убиецот пред повторно да нападне.
Donnie Brasco
Динамичен крими трилер снимен според вистинска приказна, во кој се појавува и Ал Пачино.
Главниот лик е ФБИ агент кој се инфилтрира во едно од најмоќните криминалните семејства во Њујорк, со цел да го уништи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





