10 (ретро) филмови, совршени за летен распуст
Moonrise Kingdom
Во режија на Вес Андерсон, Moonrise Kingdom е идеален филм за лето.
Главните ликови се две 12-годишни деца кои живеат на остров и откако се вљубуваат, тргнуваат да живеат сами во дивината. Додека возрасните трагаат по нив, на островот му се приближува силна бура.
The Sandlot
Еден од омилените летни филмови на милениумците.
Главниот лик е Скоти, дете кое се вселува во нов дом со своите родители. Овде му се приклучува на локалниот бејзбол тим, а новите пријатели му приредуваат низа летни авантури.
Hook
Со Дастин Хофман, Робин Вилијамс и Џулија Робертс во главните улоги, Hook е како продолжение на книгата „Петар Пан“.
Петар веќе е возрасен и не живее во Недојдија, но е присилен да се врти во мистичната земја откако капетан Кука ги киднапира неговите пријатели.
Camp Cucamonga
Една од популарните тинејџерски комедии од 1990-тите, со Џенифер Анистон во главната улога.
Дејството се фокусира на група тинејџери кои одат во летен камп. Додека пробуваат да се адаптираат на новата средина, се соочуваат со љубовни дилеми, стекнуваат нови пријателства, но имаат и ривалства.
Camp Rock
Искрено, Camp Rock е далеку од добар филм, но нè потсетува на безгрижните тинејџерски денови и многумина го гледаат, особено во лето.
Со Деми Ловато во главната улога, дејството се фокусира на девојка која оди на престижен летен камп.
За разлика од другите (богати) деца, таа е во кампот бидејќи мајка ѝ работи таму, па мора да смислува лаги за да биде прифатена од другите.
Спирова С. | Црнобело
