10 (ретро) филмови, совршени за летен распуст
The Parent Trap со Линдзи Лохан кој ќе ве врати во детството или Luca кој ќе ви биде како мини одмор во Италија.

Дури и ако завршивте со школување, сигурно и вие ја чувствувате еуфоријата на летниот распуст.
Тоа значи и дека кога ви се гледа филм, периодов сигурно сте расположени за нешто што ја доловува оваа атмосфера.
10 филмови совршени за летен распуст:
The Parent Trap
Инспириран од книгата „Двојната Лота“, The Parent Trap е забавен филм со Линдзи Лохан во главната улога кој ќе ве врати во детството.
Линдзи има две улоги - глуми две девојчиња кои изгледаат идентично, но првпат се сретнуваат на летен камп. Едната живее со само со мајка ѝ, другата само со татко ѝ, а кога дознаваат дека се близначки, одлучуваат да си ги заменат местата.
The Goonies
The Goonies е можеби еден од најдобрите авантуристички филмови за деца од 1980-тите.
Главните ликови се група деца кои пораснале во истото соседство, но наскоро ќе бидат раселени во други области. Во последните денови во старото соседство, тие откриваат мапа за скриено пиратско богатство, па тргнуваат да го бараат.
Mamma Mia!
Инспириран од музиката на единствените ABBA, Mamma Mia! е мјузикл со Аманда Сејфрид и Мерил Стрип во главните улоги.
Млада девојка која живее со мајка ѝ се подготвува за својата венчавка. Но, тајно кани тројца мажи – поранешни љубовници на мајка ѝ – со надеж дека ќе открие кој од нив ѝ е татко.
Troop Zero
Troop Zero е забавна и инспиративна детска драма, со атмосфера идеална за летен распуст.
Сместено во 1977 година, дејството се фокусира на осамено девојче кое собира група пријатели со цел да формираат извиднички одред.
Таа сака да учествуваат на натпревар каде главната награда е нивните гласови да бидат снимени и испратени во вселената.
Luca
Нема „полетен“ филм од Luca, чие дејство е сместено во убавата Италија.
Главниот лик во анимираниот филм е морско чудовиште кое личи на дете кога е надвор од вода. Тој се спријателува со Алберто, дете кое ја открива неговата тајна и со кое има вистинска авантура на копно.
