10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа
Сталкер
Во режија на еден од најдобрите руски режисери – Андреј Тарковски – Сталкер е по малку надреалистична, духовна приказна која ја истражува човечката природа.
Главите ликови се писател и научник кои со водич (познат како Сталкер) одат во мистериозна зона за која се верува дека може да им ја исполни најголемата желба.
Секој од нив има различно верување за моќта на зоната, кое е ставено на тест кога почнуваат да се соочуваат со чудните феномени што владеат таму.
The Man from Earth
Уште еден нискобуџетен филм – The Man form Earth се одвива во една просторија и се потпира само на дијалозите на ликовите, но ќе ве држи залепени за екранот до самиот крај.
Дејството се фокусира на Џон Олдман, универзитетски професор кој на своите колеги им открива дека е всушност роден пред 14.000 години.
Додека ја раскажува својата животна приказна која се протега низ неколку милениуми, колегите го слушаат со интерес, љубопитност, но и скептицизам.
The Master
Со Хоакин феникс и Филип Сејмур Хофман во главните улоги, The Master ја истражува психологијата зад култовите.
Главниот лик е ветеран од Втората свеска војна кој се бори со зависниот и психички проблеми.
Во период од животот кога не гледа излез, тој запознава харизматичен лидер на филозофско движење и постепено станува негов верен следбеник.
Looper
Уште еден филм со патување низ времето, но со малку поразлични правила – од иднината, луѓето можат да патуваат само во минатото.
Главниот лик е убиец кој работи за криминална организација и неговата задача е да убива луѓе испратени од иднината.
Но, еден ден личноста што треба да ја убие е неговата верзија од иднината.
Tinker Tailor Soldier Spy
Со Гери Олдман во главната улога, и ова е филм со дејство сместено за време на студената војна. А, сценариото е толку добро, што ќе помислите дека е снимен според вистинска приказна.
Главниот лик е пензиониран офицер кој повторно го викаат на работа за да открие советски шпион во највисоките ешалони на Британската разузнавачка служба.
Спирова С. | Црнобело
