10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето
Girlboss
Снимена според вистинска приказна, Girlboss ја следи приказната на жената што го основала брендот Nast Gal.
Во 2006-та, тогаш 23-годишната Софија добива отказ и нема ако да си ја пати киријата. Па, се обидува да заработи продавајќи винтиџ облека онлајн.
A Suitable Boy
Со дејство сместено во 1951-ва, A Suitable Boy се фокусира на Индијката Лата, млада жена која се справува со предизвиците на нејзината генерација и нејзината култура.
Додека мајка ѝ пробува да ѝ најде соодветен партнер, таа се наоѓа на раскрсница бидејќи се вљубува во муслиман.
Envious
Главниот лик е Вики, 30-годишна жена која му поставува ултиматум на нејзиниот дечко – или да се венчаат, или ќе го остави.
Кога условувањето не оди по план, Вики тргнува на мисија да си најде партнер кој ќе сака да се венча со неа, додека им љубомори на другарките со навидум совршен (љубовен) живот.
The Hook Up Plan
Француска драма со примеси на комедија чие дејство се фокусира на Елса, жена која не може да го преболи бившиот две години по раскинувањето.
За да ѝ помогне, нејзина другарка најмува машки ескорт, но обидот за помош не оди по план.
Surviving Summer
Главниот лик е Самер, бунтовна тинејџерка од Њујорк која ја бркаат од нејзиното училиште.
Со цел да ја казнат, родителите ја испраќаат кај семејни пријатели во Австралија, а овде се спријателува со група сурфери.
Спирова С. | Црнобело
