10 одлични мистерии чии краеви тешко дека ќе ги предвидите
Zodiac снимен според приказната за најпознатиот сериски убиец или, пак, Wind River – морничав трилер за кој ќе размислувате долго откако ќе го изгледате.

Мистериите се еден од најпопуларните филмски жанрови и ретко кој не ги сака.
Притоа, ги има во комбинација со скоро секој жанр – од комедија и акција, до трилер и хорор.
Ако сте расположени за добра мистерија што не можете да ја предвидите, погледнете нешто до нашите предлози:
Prisoners
По киднапирањето на две девојчиња, полицијата апси млад маж како главен осомничен. Но, штом ќе го ослободат, таткото на девојчињата одлучува да ја преземе правдата во свои раце.
Главните улоги им припаѓаат на Хју Џекмен и Џејк Џиленхол.
Zodiac
Снимен според приказната за еден од најпознатите сериски убијци, Zodiac ќе ве држи во неизвесност дури и ако знаете што се случувало во реалноста.
Главниот лик е илустратор во весник кој станува опседнат со шифрираните пораки што ги праќа убиецот и се надева дека ќе го пробие неговиот код.
Wind River
Морничава приказна со дејство сместено во модерниот американски запад.
Главниот лик е офицер кој е прогонуван од трагедија што се случила поради него. Откако во неговиот град доаѓа ФБИ агентка за да реши убиство, ѝ помага, со надеж дека ќе се искупи за своето минато.
The Night House
Морничава мистерија со примеси на хорор што нема да ја заборавите лесно.
Главниот лик е Бет, жена чиј сопруг извршува самоубиство. Пробувајќи да се справи со загубата, таа почнува да пие, но и да го чувствува присуството на нешто натприродно околу неа.
Searching
Searching е филм со уникатен наратив што ќе ви го привлече вниманието уште на почетокот.
Главниот лик е татко кој ја бара својата исчезната ќерка. Откако пријавува во полиција, одлучува да го провери нејзиниот лаптоп, по што мистеријата за исчезнувањето само се продлабочува.
