10 одлични мистерии чии краеви тешко дека ќе ги предвидите

The Secret in Their Eyes

Дејството се фокусира на полициски тим кој се распаѓа откако ќерката на еден од нив е брутално убиена.

Неколку години подоцна, двајца приватни детективи одлучуваат да откријат што навистина се случило.

Американскиот филм од 2015-та е снимен според аргентинскиот La Pregunta de sus ojos кој исто така вреди да се изгледа.

Side Effects

Со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Руни Мара, Џад Ло и Ченинг Тејтум, деството на Side Effects е фокусирано на девојка со ментални проблеми.

Нејзината докторка одлучува да ѝ препише нова терапија, но ова резултира со убиството на нејзиниот сопруг.

The Bone Collector

Постар филм со Дензел Вашингтон и Анџелина Џоли во главните улоги на кој вреди да му дадете шанса.

Детектив во инвалидска количка и неговата партнерка пробуваат да фатат сериски убиец кој одеднаш почнува намерно да им остава траги.

Gone Baby Gone

Уште еден филм со одлична актерска екипа, кој воедно е во режија на Бен Афлек.

Главните ликови се двајца детективи од Бостон кои пробуваат да го решат киднапирањето на млада девојка.

За време на истрагата, неочекувано се соочуваат со педофили, трговија на дрога, па и криминални организации

Stay

Главниот лик е психијатар чиј пациент му соопштува дека сака да изврши самоубиство.

Додека пробува да го спаси, психијатарот самиот пробува да си го зачува своето ментално здравје.

Главните улоги им припаѓаат на Рајан Гослинг, Еван Мекгрегор и Наоми Вотс.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg