10 серии номинирани за Еми 2025 кои вреди да ги изгледате (пред доделувањето)

Slow Horses

Штом главната улога му припаѓа на Гери Олдман, знаете дека можете да очекувате одлична серија.

Дејството се фокусира на неколку агенти од MI5 и нивниот шеф кој е ужасна личност.

Како нефункционален тим, нивната задача е да ја заштитат Англија од сите закани.

The White Lotus

The White Lotus стана една од најгледаните серии за годинава, и има добра причина за тоа.

Главните ликови во серијата се менуваат во секоја сезона, но дејството секогаш се случува на некоја егзотична дестинација, во луксузниот ресорт The White Lotus.

Повеќето ликови се разгалени богаташи кои успеваат да се вплеткаат во навистина бизарни ситуации.

The Bear

Забавна драма со примеси на комедија, и тоа со Џереми Ален Вајт во главната улога.

Тој глуми млад готвач кој изградил кариера во елитни ресторани. Но, по смрт на член од семејството, се враќа во родниот Чикаго за да го води семејниот ресторан.

The Diplomat

The Diplomat е политички трилер каде главниот лик е жена која е американски амбасадор во Англија.

Додека се справува со меѓународна криза, таа се соочува со приватни проблеми и пробува да си го спаси и бракот.

What We Do in the Shadows

Ако сакате по малку чуден и апсурден хумор и серии од типот на The Office и Parks and Recreation, не смеете да ја пропуштите What We Do in the Shadows.

Серијата е снимена во форма на документарец (mocumentary) кој го следи ноќниот живот на четири вампири кои цел век живеат заедно во Њујорк.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg