10 серии номинирани за Еми 2025 кои вреди да ги изгледате (пред доделувањето)

What We do in the Shadows за оние кои сакаат по малку апсурден хумор или The Pitt за обожавателите на медицински драми – кои серии номинирани за годинешните Еми награди вреди да ги изгледате?

10-serii-nominirani-za-emi-2025-koi-vredi-da-gi-izgledate-pred-dodeluvanjeto-01.jpg

Еми наградите се доделуваат за најголемите достигнувања во телевизиската индустрија и се сметаат за еквивалент на Оскарите.

Што значи, сериите кои добиле номинации или освоиле статуетка, несомнено се добри.

Годинешното доделување на Еми наградите ќе се одржи на 15-ти септември, а веќе се објавени номинираните серии. Па, ако немате идеја што да гледате следно, нема да погрешите со нешто од листата на номинирани.

10 одлични серии кои годинава се номинирани за Еми:

The Last of Us

Снимена според истоимените видеоигри, The Last of Us брзо стана една од најпопуларните серии во светот, дури и кај луѓе кои воопшто не се интересираат за игри.

Дејството е сместено во постапокалиптичен свет, кога човештвото е на работ на истребување поради пандемија.

Главните ликови се маж и младо девојче кои можеби се последната надеж за спас.

The Studio

Со Сет Роген во главната улога, дејството на The Studio се фокусира на новиот менаџер на познато филмско студио.

Очајни за какво било признание од големите филмски ѕвезди, менаџерот и неговиот тим пробуваат да останат релевантни во период кога работењето во индустријата станува сè потешко.

Paradise

Paradise е напнат политички трилер кој стана хит уште со првата сезона.

Дејството е сместено во подземен бункер во Колорадо, три години по глобална катастрофа.

Главниот лик е таен агент кој додека пробува да го реши убиството на претседателот на САД, сака да ја открие и вистината за настаните што ја предизвикале катастрофата.

The Pitt

Новата медицинска драма на HBO Max веќе ја нарекуваат најреалистичен приказ на она со коешто се соочуваат лекарите.

Главните ликови се неколку здравствени работници од болница во Пенсилванија, а дејство ги следи нивните лични проблеми, конфликтите со колегите, но и тежината на нивната работа.

Severance

Со Адам Скот во главната улога, Severance важи за една од сериите со најнепредвидливи пресврти.

Главниот лик е Марк, тим лидер во канцеларија каде сеќавањата од работата и од приватниот живот на вработените се хируршки одделени.

Кога ќе се појави мистериозен колега, Марк и вработените почнуваат да ја откриваат вистината за нивните работни места.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg