Филмски викенд: Музички филмови

filmski-vikend-muzicki-filmovi-povekjeЗа тие што како мали имале трауматско искуство од мјузиклот на Мадона, Евита, и мразите мјузикли, морам однапред да напоменам дека...


...овие предлози не се мјузикли како Chicago или Mamma Mia!, туку филмови кои обработуваат музички теми.

За овој викенд ви направивме селекција која покрива неколку типови музика, класична, рок и кантри и неколку филмски жанрови романса, фантазија, драма, и комедија.

Се надевам дека ќе ви се допаднат како и мене што ми се допаднаа. Одлични се ако планирате останување по дома овој викенд.

Уживајте во овој филмски викенд!


August Rush (2007)

filmski-vikend-muzicki-filmovi-1

Музичка драма што ќе ви го разнежни срцето и ќе ве натера да верувате во судбина. 

Лајла е талентирана челистка, а Луис е гитрист и главен вокал во бенд. Тие ќе се заљубат на прв поглед, ќе поминат една волшебна ноќ заедно и ќе се разделат.

Во цел хаос ќе се роди нивното дете, но ќе расте без нив, а тие никогаш повторно нема да се сретнат.

Детето ќе порасне во музичко гение и ќе се одлучи да ја искористи моќта на музиката да ги лоцира своите родители.

Признавам дека кога ќе го гледате филмот треба малку да се одлепите од земјата и да живеете во некој фантастичен свет. Свет каде што музиката е насекаде околу нас, и е решение за сите проблеми.

Иако тројцата се разделени 11 години, судбината ги  влече еден кон друг. Ако сте човек што фантазира тогаш ќе го обожавате филмот, ако не можеби ќе ви биде лигав и нереален.

Исто така морам да напоменам дека актерската екипа е одлична.

Глума: Freddie Highmore (Август), Keri Russell (Лајла), Jonathan Rhys Meyers (Луис) , Robin Williams


Country Strong (2010)

filmski-vikend-muzicki-filmovi-2

Скоро непознато филмче, со одлична актерска екипа и прекрасна музика. Признавам дека оваа музичка драма не е за секој, но ако сте за бурни емотивни приказни и ви се допаѓа кантри музиката тогаш овој е филмот за вас.

Во центарот на приказната се тројца кантри пејачи, мега популарната Кели, која се бори со сопствените демони, младиот и талентиран почетник Бо, кој пее за свое задоволство и Чајлс, поранешна мисица и амбициозна девојка.

Гвенет Палтроу ја глуми Кели, а Лејтон Мистер (Блер од Gossip Girl) ја глуми Чајлс, а Бо е глумен од Герет Хедлунг (Tron:Legacy).

Нивните приказни се испреплетуваат на турнејата која е организирана со цел да ја врати Кели во центарот на вниманието. Но Кели не е доволно силна да се избори и да излезе од депресијата, Бо се обидува да и помогне, а сопругот ја форсира да се врати што побргу на сцената.

Приказната е веќе-видено, и знаеме однапред кој со кого ќе заврши, но тоа нема да не спречи да уживаме во филмот и во песните. А девојките посебно ќе уживаат во тој секси глас со јужњачки акцент на Бо.

Глума: Garrett Hedlund (Бо), Gwyneth Paltrow (Кели), Leighton Meester(Чајлс), Tim McGraw (сопругот)


Pirate Radio (2009)

filmski-vikend-muzicki-filmovi-3

Музичка комедија која е инспирирана од вистински настани. Дејствието е сместено во 60тите години некаде по северните мориња.

Бидејки британската влада ја забранувала буновничката музика да се емитува на радио фрекфенциите, група рокерски ентузијасти водат пиратско радио од интернационалните води и ја музички ја едуцираат британската младина.

Бродот е преполн со разнолики ликови кои ќе ве забавуваат и смеат, и баш е во духот "секс, дрога и рокендрол" само во малце британска варијанта.

И се разбира мора да имаме и еден негативец, еден господин од владата кој неможе да го поднесе цел тој циркус и ќе стори се што е во негова моќ да го потопи пиратското радио.

Дефинитивно ќе уживате ако сте по овој тип на музика и го сакате тој британски хумор.

Глума: Philip Seymour Hoffman, Bill Nighy, Nick Frost

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg