Филмски викенд: Хавајско сонце

filmski-vikend-havajsko-sonce-povekjeДа го размрдаме расположението после оваа исклучителна врнежлива и досадна недела за овој викенд ви припремивме летни и топли филмови, чие дејство...


...е сместено некаде по хавајските острови.

Очекувајте многу сонце,песок и океан, прекрасни пејсажи, многу познати глумци и одлични приказни.

Жанровски гледано имаме за секого по нешто, фантастично добра романтична комедија, фамилијарна емотивна драма и кој-е-убиецот-на-пуст-остров акција.

Уживајте во овој викенд!


Forgetting Sarah Marshall (2008)

filmski-vikend-havajsko-sonce-1

Во случај да некако сте го пропуштиле овој филм, морате во најбрз рок да го гледате! Според мене ова е една од најубавите романтични комедии, филм направен и за машката публика, како и за женската.

Централниот лик е Питер, мирен, тивок и повлечен дечко, кој е тотално заљубен и заслепен во својата девојка. Таа покрај тоа што е најсовршеното суштество според Питер, е и мега популарна и светски позната актерка . Но таа не го чуствува истото за него и му раскинува.

После шокот и депресијата што следат после такво раскинување, решава да оди на одмор да се одмори и да ги ги наполни батериите. Решава да оди на Хаваите, каде налетува на бившата и нејзиниот нов дечко (Расел Бренд, кој горе-доле се глуми сам себеси).

Питер повторно пропаѓа во море од солзи, но наскоро ќе се здружи со Рејчел, рецепционистката во хотелот , која ќе му помогне да се соочи со реалноста.

Сценариото е брзо и страшно интелегентно, дијалозите се супер, а целокупната актерска екипа е фантастична. А како дополнителен бонус, пејсажите по островите ќе ви го одземат здивот. Нема да зажалите ако се одлучите за овој филм.

Глума: Kristen Bell, Jason Segel, Mila Kunis, Russell Brand, Paul Rudd


The Descendants (2011)

filmski-vikend-havajsko-sonce-2

Фамилијарна драма која го раскажува животот на Мет Кинг. Еден од најуспешните адвокати и еден од најголемите земјопоседници на комерцијално неискористена површина по хавајските простори.

Но иако е успешен во своето поле, тој е лош татко и сопруг. Ова го дознаваме откако неговата жена ќе падне во длабока кома после една од нејзините водени лудории.

Пробува да си го собере семејството и да ги прифати одговорностите кои до сега ги носела неговата сопруга. Неговите ќерки не го познаваат и не го почитуваат.

Но како полека влегува во фамилијарната шема, дознава непријатни работи, како фактот дека сопругата имала афера. Згора на тоа постои шанса дека таа никогаш нема да се разбуди. Се чини дека на проблемите им нема крај.

Овој филм е поинаков од останатите бидејки не ги преставува убавините на хавајските острови, туку начинот на живот на луѓето кои живеат таму постојано.

Прилично е тежок и со споро темпо, како и сите емотивни тажни приказни. Џорџ Клуни е главниот глумец и одлично ни ги пренесува сите емоции, тој е тажен, а силен, збунет и бесен.

Ако сте за филм кој нуди реални човечки проблеми, тогаш овој е филмот за вас.

Глума: George Clooney, Shailene Woodley, Amara Miller


A Perfect Getaway (2009)

filmski-vikend-havajsko-sonce-3

Филм исполнет со акција, прекрасни локации, интересни карактери и непредлидлива приказна. Жанровски е подеднаква мешавина од трилер и акција.

Клиф и Сидни одат на меден месец не еден од Хавајските острови и нивниот план е планинарски да го прошетаат цел остров. По пат се запознаваат со уште два прилично интересни пара, со кои не се согласуваат најдобро, но сепак се решаваат да се дружат по планинарската патека.

Набрзо откриваат дека полицијата го пребарува островот, и дека бараат дечко и девојка кои се осомничени за убиство. Сите почнуваат да се сомневаат меѓу себе.

Сите се доволно поинакви и чудни, и имаме чуство дека било кој пар може да се убиците. Тука почнува паранојата и очекувањето на расплетот на настани.

Натаму оставам да го погледнете и да споделите дали ве изненади пресвртот на настаните. А ако не ве изненадил крајот, тогаш сигурно филмот ве натерал да сонувате за тие прекрасни плажи, водопади, шуми и пејсажи.

Јас знам дека морам некако да најдам начин да го посетам островот бидејки е феноменален.

Глума: Milla Jovovich, Steve Zahn, Timothy Olyphant

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg