10 од најпопуларните Нетфликс филмови за 2025 година

Straw

Straw е психолошка крими драма чие дејство се фокусира на самохрана мајка.

Таа се грижи за нејзината болна ќерка, а ѝ се чини дека секој нов ден е полошо и потежок од претходниот.

A House of Dynamite

Во режија на реномираната режисерка Кетрин Бигелоу, A House of Dynamite е напнат трилер.

Главните ликови се неколку владини и воени лица од САД кои треба да се справат со опасноста од нуклеарен напад.

The Ballad of a Small Player

The Ballad of a Small Player е забавна драма со Колин Фарел во главната улога.

Тој глуми маж кој е заглавен во долгови, па одлучува да се коцка со надеж дека ќе се извади од калта.

Steve

Килијан Марфи го глуми Стив – директор на училиште во кое мора да се направат големи реформи.

Додека се справува со бунтовните ученици, тој мора да се избори и со своите проблеми со менталното здравје.

KPop Demon Hunters

Кога се во прашање анимирани филмови, годинава веројатно ниту еден не привлече внимание колку KPop Demon Hunters.

Главните ликови се к-поп суперѕвезди кои водат двоен живот – кога не настапуваат и пеат, тие се борат со натприродните сили.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...

Најчитани неделава