10 од најпопуларните Нетфликс филмови за 2025 година

Frankenstein на Гилермо дел Торо го нарекуваат најдобрата адаптација на истоимената книга, додека документарецот The Perfect Neighbor раскажува конфликт кој ескалира со убиство.

10-od-najpopularnite-netfliks-filmovi-za-2025-godina01.jpg

Иако до крајот на годината ќе има уште неколку Нетфликс премиери, веќе е јасно кои се најпопуларните филмови за 2025-та.

Некои од нив се навистина добри, а дел од нив можеби не треба да се споредуваат со холивудски ремек-дела, но сепак се забавни и токму ова ги прави популарни.

Десет од најпопуларните Нетфликс филмови за годинава:

Frankenstein

Во режија на Гилермо дел Торо, Frankensetin е можеби најдобрата адаптација на истоимената книга од Мери Шели.

Приказната го следи Виктор Франкенштајн, луд научник кој создава монструм од човечки делови.

Но, експериментот има опасни последици и може дa доведе до неговата пропаст.

The Perfect Neighbor

Годинава на Нетфликс се појавија безброј документарци, но ниту еден не се истакна како The Perfect Neighbor.

Составен само од снимките од камерите што ги носат полицајците, документарецот се фокусира на конфликт меѓу соседи во САД кој завршува трагично.

Train Dreams

Снимен според истоимената книга од Денис Џонсон, дејството на Train Dreams се фокусира на дрвосечач кој работи на изградбата на железничка пруга во САД.

Често отсутен од дома поради работата, му станува сè потешко да се снајде во светот кој брзо се менува.

In Your Dreams

In Your Dreams е анимиран филм кој може да ви биде мало бегство од реалноста.

Главните ликови се брат и сестра кои патуваат во земјата на соништата со надеж дека ќе си ја исполнат желбата да имаат совршено семејство.

Back in Action

Во режија на Сет Гордон, Back in Action е филмот што го најави камбекот на Камерон Дијаз.

Главните ликови во забавната акција се поранешни шпиони кои работеле за ЦИА.

Откако нивните тајни идентитети се разоткриени, тие се присилени да ѝ се вратат на старта професија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg