10 напнати трилери на Нетфликс, идеални за врнежливо време
The Woman in the Window
Главниот лик е д-р Ана Фокс, жена со агорафобија која речиси воопшто не излегува од дома.
За да си го пополни времето, почнува да го набљудува соседното семејство кое на прв поглед изгледа совршено, но набрзо ги открива нивните тајни.
Carry On
Млад маж кој работи како обезбедување на аеродром се соочува со уцени.
За да ја спаси својата девојка, мора да му дозволи на мистериозен патник да се качи во авионот на лет за време на Божиќ.
The Devil all the Time
Дејството следи неколку ликови во периодот по Втората светска војна.
Во фокус е млад дечко кој е опкружен со насилство и луѓе како сериски убиец, насилен свештеник и воен ветеран со сериозни проблеми.
Wall to Wall
Wall to Wall е корејски филм чие дејство се фокусира на млад маж кој сака да си купи стан.
Откако си го исполнува сонот, набрзо се претвора во кошмар – се сочува со финансиска криза, но треба да се справи и со чудните соседи.
Vanished into the Night
Две деца мистериозно исчезнуваат додека татко им се грижи за нив.
Набрзо, со нивната мајка добиваат понуда за откуп – да им платат 150.000 евра на киднаперите ако сакаат да си ги видат децата.
Спирова С. | Црнобело