10 напнати трилери на Нетфликс, идеални за врнежливо време
A Cure for Wellness ако сакате трилер со примеси на хорор или пак Carry-On доколку ви се гледа нешто динамично.

Веројатно сега не ви се гледаат авантури и филмови што асоцираат на лето, а уште е рано за новогодишните.
Затоа, пак, врнежливото време е идеално за мрачни трилери.
Десет трилери на Нетфликс на кои треба да им дадете шанса:
Don’t Say a Word
Главниот лик е психијатар кој третира жена со ментално нарушување.
Но, неговата ќерка е киднапирана од крадец кој го присилува да изнуди информации од жената за скапоцен камен.
Leave the World behind
Летувањето на семејство е прекинато, откако им соопштуваат дека ќе има целосен прекин на струја.
Како што заканата се наближува, заедно со уште едно семејство пробуваат да најдат начин да преживеат.
A Cure for Wellness
Морничав хорор-трилер што некои го споредуваат со Shutter Island.
Главниот лик е извршен директор кој оди во спа-центар на Алпите. Но, овде почнуваат да се случуваат чудни работи кои го тераат да почне да истражува.
Brick
Луѓе кои живеат во иста зграда одеднаш сфаќаат дека се опколени од огромен ѕид.
Соработувајќи едни со други, пробуваат да најдат начин да излезат од „затворот“.
The Pale Blue Eye
Искусен детектив пробува да реши неколку морничави убиства.
Добива помош од никој друг, туку младиот Едгар Алан По.
