10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та

Euphoria

Третата сезона од популарната серија на HBO ќе се емитува на 12-ти април.

Дејството се фокусира на група средношколци кои пробуваат да се справат со предизвиците што им ги носи животот, а кои вклучуваат и дрога, секс и насилство.

https://www.youtube.com/watch?v=-1UJJPAWudQ

The Bear

Уште не е познат датумот за петтата сезона од The Bear, но се очекува да биде во текот на летото.

Главниот лик во серијата е млад готвач кој од Чикаго се враќа во родниот град за да ја води сендвичарницата на неговото семејство.

Dexter: Ressurection

Првата сезона од Dexter: Resurrection се покажа како огромен хит, а втората сезона се очекува да почне да се емитува во октомври годинава.

Серијата е сиквел на популарната Dexter и ја продолжува приказната за серискиот убиец кој паралелно работи и како форензички техничар.

House of Dragon

На почетокот од летото се очекува третата сезона од House of Dragon – серијата која е приквел на Game of Thrones.

Околу 200 години пред дејството на Game of Thrones, серијата се фокусира на настаните кои водат до пропаста на семејство Таргериен.

From

Долгоочекуваната четврта сезона од популарната серија From се очекува да биде премиерно прикажана уште во првата половина на 2026-та.

Главните ликови се луѓе кои не можат да го напуштат гратчето во коешто живеат поради некоја мистериозна сила. Дури и новодојдените во градот немаат начин како да излезат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg