10 филмови кои не се номинирани во главната категорија за Оскари 2026, но вреди да се изгледаат
Avatar: Fire and Ash
Во третото продолжение од серијалот Avatar, конфликтот на планетата Пандора ескалира.
Главните ликови, Џејк и Нејтири, со нивното семејство сретнуваат ново, многу поагресивно племе домородци.
The Perfect Neighbor
Морничавиот документарец се смета за еден од најдобрите од 2025-та.
Монтиран само од снимки од камерите на полицајците, документарецот следи конфликт на неколку соседи во Флорида, кој ескалира во убиство.
The Voice of Hind Rajab
Емотивна воена драма инспирирана од потресен вистински настан.
Неколк волонтери од палестинскиот Црвен крст не го прекинуваат телефонскиот контакт со шестгодишно девојче кое е заробено во Газа, среде војната.
The Ugly Stepsister
Инспириран од добропознатата бајка за „Пепелашка“, The Ugly Stepsister е морничав филм кој се фокусира на една од злобните (и грди) сестри.
Приказната е раскажана од нејзина перспектива и го прикажува нејзиниот обид да ги исполни стандардите за убавина во кралството.
The Smashing Machine
Една од ретките сериозни улоги на Двејн Џонсон му донесе многу пофалби.
Во спортската драма, тој го глуми борачот Марк Кер – вистинска личност чија опсесија за успех го чинела многу.
Спирова С. | Црнобело
