10 напнати мистерии што ќе ве натераат да се сомневате во сè

Unbreakable

Уште една постара мистерија, овој пат со Брус Вилис во главната улога.

По страшна несреќа со воз, маж кој работи како обезбедување некако успева да преживее.

Но, набрзо се сретнува мистериозна личност која пробува да го убеди дека има натприродни моќи.

Sherlock Holmes

Роберт Дауни Џуниор има снимено два филма со популарниот детектив Шерлок Холмс и вреди да ги изгледате и двата.

Во првиот филм, детективот и неговиот партнер фаќаат сериски убиец кој добива смртна казна.

Но, на нивно големо изненадување, убиецот е жив и по егзекуцијата.

What Lies Beneath

What Lies Beneath е мистерија со примеси на хорор и некои го опишуваат како мошне страшен филм.

Главниот лик е Клер која се вселува во старта куќа на нејзиниот сопруг, заедно со него.

Но, почнува да забележува натприродни појави и открива страшна вистина за сопругот.

Minority Report

Во режија на Стивен Спилберг, Minority Report е забавна научнофантастична мистерија.

Дејството е сместено во иднината, кога полицијата има технологија да ги види криминалните дела уште пред да се случат.

Но, технологијата предвидува дека еден од полицајците ќе изврши убиство во иднината.

Wake Up Dead Man: A Knives Out Mystery

Најновиот филм од серијалот Knives Out е малку поразличен од претходните, но исто забавен.

Главниот лик повторно е истиот детектив, кој овој пат треба да реши навидум невозможно убиство во црква.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...

Најчитани неделава