Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: „Приказната за Силјан“ со две номинации за најпрестижните тв награди

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот.

prv-makedonski-film-nominiran-za-emmy-awards-prikaznata-za-siljan-so-dve-nominacii-za-najprestizhnite-tv-nagradi-01.jpg

Филмот е номиниран во категоријата Исклучителна вредност во документарното филмско творештво (Exceptional Merit in Documentary Filmmaking), една од најзначајните документарни категории на Emmy Awards, која препознава дела со исклучителна авторска, уметничка и општествена вредност.  

Втората номинација е во категоријата Извонредна кинематографија за неиграна, односно документарна програма (Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program), признание за визуелната моќ на филмот и за кинематографијата на Jean Dakar, која ја претвора интимната приказна за човекот, природата и преживувањето во силно филмско искуство.

Со овие две номинации, „Приказната за Силјан“ продолжува да го носи македонскиот документарен филм на светската мапа, од големите фестивалски подиуми до една од најпрестижните награди во телевизиската индустрија.

prv-makedonski-film-nominiran-za-emmy-awards-prikaznata-za-siljan-so-dve-nominacii-za-najprestizhnite-tv-nagradi-02.jpg

Свеченото доделување на 78. Emmy Awards ќе се одржи на 14 септември оваа година во Peacock Theater во Лос Анџелес, додека наградите во креативните категории, Creative Arts Emmy Awards, ќе бидат доделени на 5 и 6 септември.

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...
Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јов... Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен насл...
Овации за „Приказната за Силјан“ во Њујорк - Нашиот кандидат за Оскар ја освојува американската публ... Филмот на Тамара Котевска, кој претендира за номинација за Оскар, имаше премиера...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
Силјан на Котевска се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес   Документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше ...
10 одлични филмови од 2025-та кои не беа номинирани за Оскар, но вреди да се изгледаат Документарниот филм за новинарот Сејмор Херш, новиот филм на Џенифер Лоренс и Ро...

Најчитани неделава