Препорачуваме: Топ 5 филмови со Лиам Нисон кои не треба да ги пропуштите

Иако е веќе средовечен маж, неговото име е асоцијација за добра акција, по некое убиство и прекрасна филмска приказна која ќе ви го поттикне мозокот на размислување.

preporacuvame-top-5-filmovi-so-liam-nison-koi-ne-treba-da-gi-propustite-01.jpg

Лиам Нисон е веќе докажан актер кој изминативе неколку години само нè потсети што сè може - од фантастични акции, преку позајмување на гласот во анимирани филмови, па до романтични драми.

Ако не ви е јасно за што точно зборуваме, откако ќе ги изгледате овие топ 5 негови филмови дефинитивно ќе го делите мислењето.

Подгответе се за долг филмски маратон!

1. Run All Night

Најновото филмско остварување на Лиам е фантастична акција во која тој е растргнат помеѓу љубовта кон својот син и омразата кон добриот пријател.


2. Non-Stop

Језив и мистериозен трилер во кој акцијата се случува во авион. Серијата пораки и целата мистерија која го следи Лиам како главен лик ќе ве остави будни со денови.


3. Unknown

Акцијата започнува кога главниот лик се буди од кома и сфаќа дека идентитетот му е украден. Никој не му верува кој е, нема никакви документи, а дури и неговата сопруга не го препознава. Мистерија која ќе ја изгледате во еден здив.


4. The Third Person

Во малку поинаков жанр од сите останати, оваа љубовна драма е испреплетена приказна за 3 пара во 3 различни градови. Трејлерот сам по себе е доволен за да сакате да откриете уште.


5. A Walk Among the Tombstones

Во последниот криминалистички предлог Лиам е приватен детектив ангажиран од страна на голем нарко дилер. Тој има задача да открие кој ја киднапирал и убил неговата жена.

Имате некој филм да додадете? Слободно споделете во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
Легендарни фотки од ѕвездите на црвениот тепих во 1994 – годината која се смета најдобра со најмногу... Младите Том Круз и Бред Пит еден до друг, Џим Кери во подемот на славата со Каме...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 напнати мистерии што ќе ве натераат да се сомневате во сè Ако сакате нешто со доза комедија, ќе ви се допадне See How They Run. Ако, па, с...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава