Филмови кои вреди да ги изгледате во февруари

Повеќе од очигледно е дека оваа година можеме да очекуваме одлични филмови за гледање, а што ќе имаме можност да погледнеме во февруари?

10-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-vo-fevruari-01.jpg

Од суперхерои до супермодели, што ќе гледаме овој месец?

1. „Hail, Caesar!“

Во новиот филм на браќата Коен ќе имате можност да ги погледнете некои од омилените актери како Скарлет Јохансон и Џорџ Клуни во интересен заплет - позната холивудска ѕвезда е киднапирана за откуп. Приказната се случува во Златното доба на Холивуд.


2. „Southbound“

Во овој хорор филм пет приказни наоѓаат заедничка основа како што 5-те ликови за кои се врзуваат овие приказни, се сретнуваат со своите најдлабоки стравови на напуштен автопат.


3. „Deadpool“

Овој долгоочекуван акционен филм ја раскажува приказната за Вејд Вилсон, агент кој подлегнува на експериментална процедура за да го излечи ракот. Како резултат на операцијата тој добива супермоќи и многу мрачна смисла за хумор.


4. „How to Be Single“

Дакота Џонсон во сосема поинакво издание од она жешкото во филмот „Fifty Shades of Grey“. Оваа романтична приказна го прикажува животот на младите луѓе во Њујорк.


5. „Nina Forever“

Филм чија приказна се врти околу чудниот триаголник меѓу Роб, неговата почината девојка Нина и новата љубов Холи. Роб по сообраќајната несреќа на неговата девојка, конечно одново се вљубува во негова колешка, но Нина се враќа и ги прогонува тогаш кога најмалку посакуваат...

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 напнати мистерии што ќе ве натераат да се сомневате во сè Ако сакате нешто со доза комедија, ќе ви се допадне See How They Run. Ако, па, с...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
10 напнати трилери на Нетфликс, идеални за врнежливо време A Cure for Wellness ако сакате трилер со примеси на хорор или пак Carry-On докол...
Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: „Приказната за Силјан“ со две номинации за најпрестижн... Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страни...
10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та Последната сезона од Outlander, долгоочекуваната четврта сезона на From, но и но...

Најчитани неделава