Брилијантни нови филмови од Нетфликс што можете да ги гледате во 2017

Барате нешто ново? Ви препорачуваме пет одлични филмови во продукција на Нетфликс.

5-brilijantni-novi-filmovi-shto-mozhete-da-gi-gledate-vo-2017-01

Поучни документарни филмови или напнати драми, изборот останува на вас.

Ова е најновото од Нетфликс:

1. The Discovery (2017)

Во главните улоги: Џејсон Сегал, Руни Мара, Роберт Редфорд

Оцена на IMDb: 6.3

Ова е приказна за задгробниот живот. Роберт Редфорд игра доктор, кој потврдува дека смртта не е крајот и наскоро луѓето започнуваат да се самоубиваат за да го искусат тоа самите.

2. I Don't Feel at Home in This World Anymore (2017)

Во главните улоги: Мелани Лински, Елајџа Вуд, Дејвид Јау

Оцена на IMDb: 7

Филм кој ја прикажува жената во едно поинакво светло. Актерката Мелани Лински игра улога на жена на која ѝ е доволно од неучтивоста и суровоста на луѓето и сака да стори нешто во врска со тоа. Откако нејзиниот лаптоп е украден, таа тргнува по криминалците и работите започнуваат да се градат оттука. Филмот ја доби наградата од жирито на филмскиот фестивал Санденс годинава.

3. War Machine (2017)

Во главните улоги: Бред Пит, Ентони Мајкл Хол, Ентони Хејс

Оцена на IMDb: 6.1

Мрачна хумористична приказна која говори за животот на генералот Стенли мек Кристал, човекот кој е одговорен за Авганистан за време на првите години од владеењето на претседателот Барак Обама. Бред Пит го игра генералот Глен мек Махон, кој сака да победи и ништо не може да го сопре. Тој исто така е идиот, како и Стенли.

4. Casting JonBenet (2017)

Во режија на: Кити Грин

Оцена на IMDb: 6.3

Овој документарец не е студија на познатиот случај за убиството на 6-годишната мисица Џон Бене Ремзи во 1996, туку за низа интервјуа спроведени во родниот град на Џон Бене. Жителите од градот наводно доаѓаат на аудиции за различни улоги за филм за криминалот во градот и завршуваат зборувајќи за мистериозниот случај и неговиот ефект оттогаш.

5. Chasing Coral (2017)

Во режија на: Џеф Орловски

Оцена на IMDb: 8.5

Овој документарец ја доби наградата од публиката на филмскиот фестивал Санденс. Во него се говори за важноста на коралите и коралните гребени на планетата и тоа како климатските промени ја уништуваат нивната популација. Има вистинска убавина во него, но ќе научите и работа или две.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg