Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се крчка нов документарец за Ејми Вајнхаус, ќе носи наслов по нејзина песна

По успешниот документарец „Amy“ посветен на прерано починатата пејачка, се подготвува уште еден, насловен според нејзин голем хит.

se-krchka-nov-dokumentarec-za-ejmi-vajnhaus-kje-nosi-naslov-po-nejzina-pesna-01.jpg

„Amy Winehouse - Back to Black“ ќе ја раскаже одблиску приказната за снимањето на истоимениот албум. Се очекува филмот да излезе во ноември. Во него се вметнати приватни снимки, интервјуа со нејзините соработници, меѓу кои и Марк Ронсон и Салам Реми.

Во бонус материјалот ќе биде вклучена и снимка од нејзиниот интимен настап на 10 февруари 2008 година, кога пеела за мала група пријатели, членови од семејството и блиски соработници од музичката сцена. Истата вечер, Ејми освои пет Греми награди, а настапи преку сателитски видео-линк, бидејќи не ѝ беше дозволено да замине во САД за да биде присутна на церемонијата.

Во 2015 излезе документарецот „Amy“ на Асиф Кападија, кој освои и Оскар за најдобар документарец следната година.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 (понови) романтични филмови на Нетфликс што можете да ги гледате со партнерот Романтични комедии, но и емотивни приказни кои ја слават љубовта – неколку филмо...
Го гледав документарецот за Селин Дион и ме расплака нејзината борба со синдромот на вкочанета лично... Снимката од нападот на Селин е мачен за гледање - жената која секогаш оддавала в...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
10-те најдобри детективски филмови од 2010-тите (ќе ве натераат да размислувате) Knives Out важи за можеби најдобриот детективски филм од претходната деценија, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg