Маестрални 5 минути што душа ќе ви растреперат - Нина Маџиров во чест на нејзиниот покоен татко

Дали знаете колку тони тежи тагата на душа?

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-01.jpg

Дали знаете колку нашите лични животни патила можат да нè променат во нашето јадро, во дел од секундата? Да нè жигосаат, умртват, сотрат и в место срозат, та инстинктот и страста за живот како последни гласници во нас нè натераат да бидеме за живот жедни?

Дали знаете колку боли кога општите законитости на природата за живот и смрт во дел од мигот ќе решат да ни се створат пред врати? Да ни влезат со сè врата в куќа тогаш кога мислиме дека цветот на судбата и приказната наша бујно цути во најпролетен ек, во сите бои и нијанси - и во најтемно светло да нè обучат за горкиот вкус на промената, особено онаа поради која солзи се ронат, душевни болести напаѓаат, живототеци запираат. 

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-04.jpg

Па најпосле, во минутите кога мислиме дека назад нема, дека од нашево лошо - полошо не бидува, тогаш во нас се разгорува искрата на споменот на она убавото, пријатното и топлото што ѓердан од кикотење низ годините ни сошило и таа искра пламен најголем отпочнува!

Душата, срцето и разумот една единка бидуваат и од нас го вадат она генијалното, она за кое сите мечтаат и копнеат, она пред кое сите аплаудираат, плачат, се смеат, се тресат од трпки по снагата.

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-03.jpg

Погледнете како духовната растргнатост на талентираната млада дама Нина Маџиров се преточи во маестрални пет минути кои душа ќе ви растреперат.

Погледнете го краткометражниот филм на младата амбасадорка на македонската филмска уметност во светски рамки.

Погледнете ги тие волшебни пет минути на Нина Маџиров посветени на нејзиниот покоен татко - великанот и неописливо талентираниот музичар - Зоран Маџиров.

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-02.jpg

Почувствувајте ја моќта на споменот, моќта на смртта и... победата на животот!

Автор: В. Р.

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви помогнат да се помирите со крајот на летото The Kings of Summer со кој ќе ги почувствувате последните денови од летото или, ...
10 напнати мистерии што ќе ве натераат да се сомневате во сè Ако сакате нешто со доза комедија, ќе ви се допадне See How They Run. Ако, па, с...
10 празнични филмови на Нетфликс кои ќе ве стоплат во студените ноќи A Boy Called Christmas ако сте обожаватели на фантазија или A Christmas Prince а...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на дев...

Најчитани неделава