10 одлични серии од кои одвај ќе се соземете

The Sinner (2017 - )

Хари Емброуз е детективот во центарот на случувањата во двете одлични сезони. Во првата, млада жена без никаков повод ќе нападне и убие непознато момче додека е на плажа со своето семејство.

Во втората, детективот го истражува убиството на млад брачен пар. Сите докази покажуваат дека злосторството го извршил нивниот син.

The Booth at the End (2011 – 2012)

Мал, скриен „дијамант“ во морето на ТВ серии. Сите луѓе имаат проблеми и сите сакаат нешто. Човекот кој седи на последната маса во кафетеријата има начин како да им помогне, но што треба да направат за возврат?

Orphan Black (2013 – 2017)

Сара е млада жена која е сведок на самоубиството на Бет, жена која е целосно идентична на неа. Кога Сара решава да го украде нејзиниот идентитет, открива неверојатна тајна – постојат уште толку многу жени кои се исти како неа.

The Lost Room (2006)

Уште една мини серија која го следи патешествието на детективот Џо Милер. Тој е во трка со времето со цел да пронајде серија окултни предмети и клучот кој ја отвора „загубената соба“, онаа во која исчезна неговата ќеркичка.

The Leftovers (2014 – 2017)

За време на глобална катаклизма, 140 милиони луѓе исчезнуваат без трага и глас. Луѓето кои останале без саканите се обидуваат да му пронајдат смисла на животот и да најдат начин како да продолжат понатаму со неразјаснетите причини и последици од немилиот настан.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg